1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Божја казна

Дискусија во 'Религија' започната од Unfaithful18, 19 јули 2010.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Зошто си ти bitter? :wasntme:
     
    На joy1, theowndemon, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet Не осудувај - I believe this is in the Bible. Твоите постови се со осудувачки тон кон одредени членови кои не се (исклучиво) религиозни. Еве јас лично се сметам недостојна за да осудувам некој, било кој. Затоа што пред Бога сум еден обичен грешник како и сите други. Има начин како да се справиш со неистомисленици но тој начин не треба да вклучува навреди, понижување и супериорност поради религиозната определеност. That's not quite Christian. That's not even kind.
    Но сметам дека ти си имаш свои причини за ваквото изразување. Не те напаѓам, најмалку осудувам. Како верник кон друг верник, ти порачувам да оствариш помирољубив пристап. Ова е само добронамерен совет.
     
    На DAngel, theowndemon и Someonespecial им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.585
    Пол:
    Женски
    @theowndemon Бог понекогаш нешто треба да ни земе за да не` научи да цениме некои работи во животот. Не постои човек кој има среќен живот, без никаква тага, без никаква болка, без маки и страдања. Само, луѓето различно ги толкуваат тие работи. Некои на тоа гледаат како на Божја казна и се бесни на Бог, се одрекуваат од него, а други во таквите моменти велат ,,Слава на Бога`` и тоа им е само поттик уште повеќе да се насочат кон Бог, кон молитвата, кон љубовта. Епа, целта е токму тоа. Бог не сака да ги казни луѓето, туку да ги вразуми. Ако им даде темнина, сака само да ги научи да ја ценат светлината, ако им даде болест, сака да ги научи да го ценат здравјето и сл. Како што пишав погоре, убивањата, силувањата и секакво друго насилство, тоа не е од Бог. Луѓето се се полоши, склони кон грев, затоа и секаков разврат се случува меѓу нив. Во Библијата можеш да прочиташ многу повеќе.

    @DAngel кој тоа вели дека сум bitter?

    @BlackAndWhiteSwan би сакала да ми посочиш некои мои коментари каде си забележала дека така се обраќам кон другите. :)
     
    На Таа Сум, Rama и Meckicja им се допаѓа ова.
  4. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Темата Телегонија.. пак ќе повторам не те напаѓам. Just saying.
     
    На Nigredo Odor, Someonespecial и theowndemon им се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.585
    Пол:
    Женски
    Во ред е, во право си. Пред некој ден прочитав ,,Штом почнеме да зборуваме за некого, веќе влегуваме во осуда’’. Тоа, дури и несвесно, сите го прават. Само да не се преминуваат граници...
     
    На Таа Сум и BlackAndWhiteSwan им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.598
    Допаѓања:
    155.812
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet што би можело едно гладно и болно бебе во Африка да научи? Ете не е силовање, убиство или насилство, туку недостаток на сретства за исхрана. Или можеби е лекција за родителот?
    Бог треба да се бори против злото, а не некогаш да го поддржува. Има доволно зло во светот.
     
    На Emy867, Nigredo Odor, Lella и 2 други им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Па еве, ќе се сложам со @BlackAndWhiteSwan и ти го имам самата посочено истото. Често судиш на другите и осудувачкиот тон ти е дефинитивно "bitter"
     
    На Gosh, Someonespecial, BlackAndWhiteSwan и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.723
    Ако постои Божја казна, зошто е онда пеколот? Ќе ти суди Бог на земјата, а во пеколот ќе те докрајчи?
     
    На Gosh и daylight им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.585
    Пол:
    Женски
    Да, може да е и лекција за родителот.

    Се што се случува влијае на нас, нели? Може многу работи да научи, зависи од која перспектива се гледа... Мислам, додека е бебе секако дека нема да научи, ќе научи кога ќе порасне. Погледни ги овие слики.

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    Сиромашни деца, но сепак се смеат, знаат да го ценат животот, знаат да делат. Тоа треба да се случи со луѓето. Љубовта и благодарноста да завладее во нивните срца.

    Бог злото не го поддржува... А луѓето се тие што треба да се борат против злото.

    @DAngel а што да кажеме за осудите кон нас верниците? Ако подобро ги прочиташ мислењата, ќе видиш дека оние кои не се толку религиозни 1000 пати повеќе не осудуваат нас религиозните. Ние грешиме само што паѓаме на нивно ниво понекогаш... :)
     
    На LegallyBlonde13, Orthophill, Таа Сум и 4 други им се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.598
    Допаѓања:
    155.812
    Пол:
    Женски
    Ако е лекција за родителот СТРАДАЊЕ на дете ... Срамота. И прашање е дали ќе преживее тоа дете за да извлечи поука.
     
    На Emy867, Gosh, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Поради таа причина понекогаш навистина сум во искушение да почнам да верувам во реинкарнација и дека сум правел зулуми и со некои 40-тина милиони сродни злобници од минати животи сега сме се родиле на балканот под казна, на некој сајт еднаш испадна дека сум бил небитен немачки селанец во минатиот живот, можеби затоа денес на гугл-ерт повремено си гледам немачки пејсажи, слатки мали средени гратчиња низ Баварија :inlove:
    Ама премногу сум рационален за такво нешто иако би било полесно да се поверува :worried:

    [​IMG]

    Ако умре нема да го направи подобро него ќе биде леш и ќе го закопаат.
    Не знам зошто умот ти отишол во тој правец кога си била болна, но можеби наместо бог треба да знаеш дека разни типови на кои никој не им знае име се откостиле од работа, од креативна енергија, од совладување препреки, од расчистување со закоравени мозоци, застарени закони и традиции...и така денес е сосема неочекувано да се умре од Колера или Вариола Вера или ТБ нешто кое било стандард по смртен случај по фамилија пред само неколку генерации.

    Јас пример понекогаш го спомеувам Џон Харигтон кој го измисли казанчето и шољата со проточна вода и така спаси од Колера, дезинтерија и слични божји казни милијарда народ а и оној Семелвајс на кого не му верувале дека дезинфекцијата на раце ќе ги елминира смртните случаи по болниците...

    Понекогаш си викам колку е страшна разликата помеѓу вложувањето на емоции кон разни измислени ентитети и тоталното заборавање на сите тие илјадници страдалници кои го направиле животот подобар низ вековите, сето тоа го земаме здраво за готово, секогаш било како сега, орвелијански момент.

    Имам и портрет некаде на Харингтон на хард диск, демек иконче :inlove:

    Не те прашувам зошто тој бог не ти прати 25.000 евра за да те научи некоја лекција, зошто морал да те мачи и тероризира, шо знам, јас би научил многу при една таква лекција, може во апоени од 50 евра :party:
     
    На Asparagus, Lella, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  12. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Конкретно на темава - мислам дека никој од нас нема одговори зошто постојат зло, насилство, сиромаштија, суровост, војни.. Сум присуствувала на христијански собири во црква и ниту таму не сум ги добила. Одговорите ги очекувам во еден друг свет во друга форма. Разумот и логиката не ме водат кога се работи за верба. Вербата е љубов. А во љубовта нема логика. Искрено верувам дека ние луѓето не сме "расфрлани" на Земјата без никаква причина. Но ги сфаќам и оние кои не веруваат во Бога. Имам атеисти во фамилија. Некои од нив се атеисти баш поради нешта кои ми се случиле на мене. Но јас не го обвинувам Бога. Не би можела. Вербата е онаа која ме држеше силна (и ме држи) кога поминував низ неверојатно лош период во мојот живот. Не верувам дека Бог ме казнувал. Верувам дека токму Тој ми ја даде потребната сила да се изборам со тешкотиите. Сепак тоа не значи дека јас треба да пропагирам религија на некого, како што некој не треба да пропагира и наметнува атеизам. Почит и љубов, воглавно тоа "пропагирам".
     
    На Emy867, Lella, Bender Rodriguez и 5 други им се допаѓа ова.
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Невозможно е материјалниот свет и земното царство, да се согледуваат со исти очи како и небеското царство и духовниот свет.
    Перспективата е обратна.
    Законите материјални неважни се за душата и нејзиниот раст.
    Бог секогаш дарува, бидејќи Бог е љубов.
    На човека е само ги препознае тие дарови и прифати или одбие.

    Тешко е страдањата и болестите да се наречат дар, но се што е од Бога, а гледано од перспектива небесна, добива навистина потполно друга димензија.

    Болните, напатените, мачениците,добиваат правда.
    Иако од оваа перспектива делува како неправда.

    Но, сите битни нешта не можат логички да се објаснат, чувствата доаѓаат од некое друго место.

    Кој го негира постоењето на духовниот свет, тешко дека може да поверува во ова.
     
    На Таа Сум, Selest, carangigia и 2 други им се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Господ никогаш не го премолчувал и не го премолчува злото. Но неговиот светлосен говор може да го слушнат само оние кои ги отвориле своите уши за тоа. Поради тоа Бог испраќал и испраќа (го гледаме тоа од историјата на разните народи и култури) пророци - инструменти кои ги пренесуваат Неговите пораки, опомени и упатства за да можат тие пораки и другите да ги слушнат. Но дали луѓето истите ќе ги прифатат и спроведат во дело за да престане злото тоа зависи од самите луѓе, не од Господ. Бог би бил соучесник во злото кога луѓето би ги присилувал да ги слушаат Неговите опомени и постапуваат според Неговите упатства.
    Затоа што секој поинаку си ја замислува „среќата„. Да претпоставиме дека некој би бил „среќен„ доколку му цркне козата на комшијата. Доколку би одело тоа туку така, Бог да му ја исполни желбата за да тој биде среќен, комшијата би станал автоматски несреќен. Како тогаш Бог да направи сите да бидат среќни?

    Бог самиот е изворот на вистинската и вечната среќа, но секој самиот мора да дојде до тоа спознание и да се упати кон тој Извор и да пие од него, наместо да живее во илузијата дека токму неговата човечка лична замисла за среќа е онаа вистинската и дека би морала еден ден да се оствари.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Божјата казна ... ех сум ја осетил ..

    Господ го имам видено на автобуска, жими се он ме казнува да ми бега автобусот .. или да касни 20 минути ..


    Е боже боже .. уште малце кола ќе си купам .. после не знам каде ќе те гледам ?... ;(;(;(
     
    На Justicija и Arthur им се допаѓа ова.
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Ццц. И јас порано си проверував и пишуваше дека сум била некаков владетел. На почетокот ми беше шубе, оти некои би рекле дека тоа значи полоша карма и повеќе за исплаќање... ама знаеш дека ние си поминуваме попривилегирано од останатите :D (нема врска тоа дека се раѓаме во Африка и немаме храна, лажат). Чунки секоја власт е од бога дадена и во се што правиш дури си на позиција, бог делува преку тебе - фактички ја извршуваш неговата волја и не те казнува он за тоа :inlove: Е сега, може си отплаќам за ситни прекршоци, ама ништо повеќе од некој обичен смртник од рајата.
     
    Последна измена: 25 септември 2017
    На Црна Ружа му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.585
    Пол:
    Женски
    Господ сега молчи, ние зборуваме. Кога ќе дојде денот на Судот, Тој ќе зборува а ние ќе молчиме. ;)
     
    На carangigia, LegallyBlonde13, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Ич не си bitter и ептен ти личи да проповедаш религија со смајлито што намигнува на крај, ахам :D
    Не би било лошо малку да послушаш што ти забележуваат луѓево тука, ако имаат различен став, па дури и препирки ако сме имале вака анонимно - не значи дека ти се непријатели и дека имаат нешто против тебе. Тонот кој го користиш во овој и во повеќето постови, дава впечаток дека толку многу си свртена кон осудување што добар дел од твојата религиозност е баш огорчено очекување казна за сите „гревови“ против сето она за тебе „чисто и морално“, најискрено ова ти го кажувам.

    Друго нешто што ми падна во очи, вторпат по ред заклучуваш дека не сум се заинтересирала и не сум запознаена на тема религија. Ако некој има дијаметрално спротивно мислење од тебе во врска со правдата, емпатијата и слично, тоа значи дека воопшто не читал и не пробува да научи нешто? Да не сум заинтересирана, не би ни коментирала во категоријава, а и токму многу членови на форумот се доказ колку и декларирани атеисти се запознаени и информирани за религиите. Значи многу грешиш тука.

    Да, сум читала и сум се информирала, и обратно од тебе - дури и повеќе слепо сум верувала порано. Не сум ниту сега атеист, можам да речам дека сум агностик. Ја гледам глобалната реалност со сите трагедии што ги опфаќа преку призма на емпатија, и така пристапувам на прочитаното на тема религија.
    Го прифаќам објаснувањето на @BlackAndWhiteSwan и веќе реков, многу почитувам верници како неа. Но она твоето - дека зад сите неконтролирани трагедии во светот како гладни и болни луѓе и посебно деца, има некаква оправдана причина, лекција, дека има било што добро во тоа - не. Никогаш ниту ти, ниту никој не може да ме убеди во тоа.
     
    На crimson, JollyGirl, Nigredo Odor и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.585
    Пол:
    Женски
    Толку те вознемири моето смајли што намигнува? Јас сум проповедала? Немам зборови... :)
    Патем, не е забрането никаде да се осудуваат дела, да се осудува неморалното. Грешките секогаш треба да се посочат. Не е добро да се осудуваат луѓе. ;)
     
    Последна измена: 25 септември 2017
    На carangigia и Orthophill им се допаѓа ова.
  20. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.666
    Пол:
    Женски
    И верувам и не верувам,иако повеќе мислам дека не верувам:wasntme:
     
    На Читател и sjdgo им се допаѓа ова.