А како ќе не натера да молчиме, дали можеби ќе ни лепи селотејп на устите? Јас мислам дека Господ го сака злото и затоа дозволува да се случува. Господ е воедно зол и добар, исто како човекот.
Немој уште појќе да трупаш гревови. Бог е љубов а злото е насекаде околу нас многу зависи дали ние го гледаме и се тргаме или му се препуштаме. А во некој исклучителни ситуации злото се случува поради непредвидените услови.
И тебе тоа ти е сосема прифатливо? Дури и утре да се појави валиден доказ дека постои Бог кој не би можела да го негирам, тоа само ќе докаже дека Бог е едно навистина злобно суштествување кое се сити на страдањата на луѓето, казнува невини за гревови на грешници, остава деца да страдаат за грешки на родители. И не го кажувам ова субјективно, пробај ра разбереш логички како се доаѓа до овој заклучок. Исто така, крајно себично е да се тврди дека гладните во Африка треба да се среќни и весели и покрај тоа што животот им се руши врз глава. Тоа го пишувате на форум... од дома... најадени и напиени... здрави. И дури и да сте поминале низ слични нешта (потенцирам слични, споредбата е бесмислена), тоа треба да ви ја зацврсти емпатијата, а не да проповедате љубов и срценца како што тоа би го направил некој што ни С од страдање нема почувствувано животот. Јас да бев гладно дете во Африка, на крај памет немаше да ми текне на Бог, туку ќе мислев како да преживеам денес без да се онесвестам, каде да најдам незаразена вода и на кое место да се засолнам од дождови. И никој не би имал право да ми суди за тоа. Во случајов Бог не само што не е во прв план, туку ниту во втор, ни во трет. Како да ви кажам, плацебо ефекти предизвикани од потпирање врз омнипотентни ентитети е привилегија на оние кои немаат проблеми кои се решаваат со практични решенија. Или во краен случај, на оние кои се неспособни да најдат практични решенија на своите проблеми.
Вие верниците, само сакате да верувате дека бог е чиста љубов, ама очигледно не сте ја читале библијата внимателно. Таму господ наредува убиства и геноциди. Тоа знак на љубов и добрина ли е? Не грижи се за моите „гревови“, секој нека си ги гледа своите.
Верата не се учи само од книга. Таа треба да се живее и секој ден, во почетокот да се испитува и докажува, првенствено на себе си. Кога навлегуваш во неа ( ако не си воспитан во религиозен дух) имаш потреба да говориш и да поделиш и со оние кои не можат да го разберат твоето воодушевување, особено ако наишло неочекувано. Не мора теоретски ниту да знаеш претерано, побитно е она што го чувствуваш и она што ти се случува, како логичен след на тие чувства. Потребни се веројатно години, да научиш да живееш смирено, со таа своја верба, во свет кој е сочинет од разумни неверници. Да не се лажеме. И ако се пристапува кон религијата само со цел истата да се демистифицира, разумно и научно, тешко дека ќе следи одговор од Бога. Тој се пројавува само кога е и срцето вклучено во тој повик. Не е ова осуда, многумина од вас кои ги следите овие теми сте интересни, паметни, сигурно и емпатични и добри.. Но,во духовниот свет постојат поинакви правила и тој ретко се спојува очигледно и видливо со материјалниот... барем за оние кои не веруваат. И не е потребно да се бараат сите одговори од Бога, дури е непристојно.. Постои време и напредок духовен кој е потребен прво. И верба дека секогаш имаме поддршка и пружена рака за правилен избор.
Само луѓе без критичко размислување може да ја оправдаат ,,Божјата казна". Луѓе кои во сите други случаи знаат да судат и осудуваат, се додека нив или на нивните блиски нешто не толку добро им се случи. Тогаш сфаќаат дека Бог и не е така апсолутно добар и праведен како што мислеле дека е, и тогаш нормално одеднаш Бог не чини.
Ајде и јас да изнесам свое мислење. Бог не е зло. Бог е секогаш со нас и знае најдобро што е потребно за нас. Казната може да биде заради грешки од родител, грешки од самите луѓе и сл. Ќе ви кажам еден добар пример за едни познаници: Мм и мм на времето менувале повеќе сексуални партнери. Се запознале, се заљубиле, се венчале меѓутоа немале деца. Потоа се покајале за грешките од минатото, нормално со исповед и Господ ги дарува со дете. Колкава е Божјата милост. Значи ако гледате од страна на овој пар и не знаете ништо за нив ќе речете само зошто немаа деца, како може Бог да не им даде и сл. Меѓутоа има нешто подлабоко во сето тоа, грешките кои никој на никого не може да му ги знае. Случајот во Африка е таков каков што е. Можеби детето умрело затоа што Бог сакал да го спаси. Смртта е како човек да заспал во сон и не се разбудува се до Судниот ден каде праведниците ќе Воскреснат, а грешниците ќе одат во адот. Но, треба да се знае и тоа дека, според уверувањето на Светите Отци, ненадејната смрт не им се случува на луѓето, кои сакаат да се исчистат со покајание, иако, повремено се победувани од своите слабости; туку Праведниот и Милосрден Бог им дава крај, кој одговара на нивните намери. И не треба ние да се мешаме во Божјиот план, што, како, зошто, затоа што човек може да се мрдне. Основното што треба да го знаеме ни е дадено. И тоа е најбитно.
И после зошто луѓето се мразат меѓусебно,затоа што не може ништо да допре до нив. Не го следат патот Божји и се полни со омраза.
Значи проблемите на ова одвратно општество во кое живееме се бидејќи луѓето не се срцкосуваат меѓусебе како што Бог налага? Би рекла дека е навистина наивен овој начин на размислување, but then again, служи како солидна утеха.
Zosto ne gi kazni vasiot gospod bogatite razmazeni deca da gi nauci na lekcija tuku samo na siromastijata mava? 3000 pati poveke bolesti, smrt neubavi raboti im se slucuvaat na siromasnite i cesnite. Toj sto e necesen ke se snajdi, taka e sekogas.
Не е тоа точно. Сведок сум на такви богати семејствата каде детето е родено со дефект. Него вие луѓето од страна го гледате само материјалното и коментирате, додека дома што ги имаат проблемите и со кои се соочуваат не можете да ги знаете. На човек не можете да му ги знаете само парите и маките колку ги има. Може да се облекува скромно, а да има пари и да не го покажува тоа или пак да троши за скапа гардероба, а дома се стиска и живее ептен скромен живот. Не би да оговарам и слично само сакам да ви посочам еден пример дека не е се така како што изгледа. Што имав еден газда и една газдарица...маж и жена. Имаа пари премногу, а тоа го знам затоа што јас работев тука и знам колку имаше промет фирмата. Колешката одеше почесто во болница, затоа што не и беше добро, до душа кој влезе тамо на работа сите се испоразболеа. Газдарицата пред нас останатите коментираше ау што е ова само да се киснело по болници. Они значи не јадеја во текот на денот(газдите). Едно ѓеврече едвај. Не можеше да се седне малку за време на работа, ако види газдата дека немаш работа моментално, фучеше и даваше изработена работа пак да се преработува. Мислим.. треба да си ненормален за пак да го работиш изработеното..Изживување..А се тоа само као да не му пропадне мизерната плата што ни ја даваше..Кое пропаѓање човече..?Ние за еден месец ваѓавме плата како за 3 месеци, ептен напорно беше значи...Дојде време се разболе газдарицата од канцер на матката изгледа беше, ние тој период седевме по цели денови на работа. Жал ни беше за жената и сакавме да излеземе во пресрет. Господ и помогна да се излечи, јас тоа го сметам како шанса за нов почеток, значи и даде нова шанса. Да се покае, да се извини, да прости ако треба. Се врати на работа, не пројдоја неколку недели она пак беше истата, можеби дури и бетер. Никад не задоволни од ништо, а се кршевме од работа. Доаѓаа од хуманитарни друштва за деца со посебни болести, продаваа сликовници, на газдата многу му беше 100 денари да даде. Абе при толку пари ти да јадеш само едно ѓеврече преку цел ден? Поентата ми е..Што дека имаат пари? Што? Живеат ли тие луѓе среќен живот? Ги исполнуваат ли ситници? Му се радуваат ли и заблагодаруваат на Бога за животот што се живи и здрави? Спијат ли мирно и спокојно? И сега мајката на газдарицата или било кој друг од страна може ќе рече зошто неа и се десило вакво нешто..Многу била добра и ред други работи. Но тоа ќе го рече само од незнаење за нејзиното дрско и дигнато понашање на работа, од непазењето на нејзиното здравје и сл. Но тоа е тоа што го гледам додека е на работа, дома не би знаела да кажам што прави и мисли истата таа жена. Затоа немојте да мислите дека се разболуваат само сиромашни, секој од нас има гревови во себе, за кои мораме искрено да се покаеме.
Не е наивен. Вистински начин на размислување е. Кога луѓето би се срцкосувале како што рече ти, тогаш не би постаеле омразата, гордоста и егото во нив. Кога не би постоела омразата никој на никому нема да му љубомори, да му мисли или во краен случај да му направи нешто лошо. Ако ние сме способни да не враќаме зло за зло, тогаш најпрво овој принцип ќе го спроведеме во своето семејство. А ако ние во своето семејство не постапуваме така, тогаш никогаш нема да бидеме способни искрено да го направиме тоа надвор од семејството. Тогаш и нашето христијанско однесување надвор од семејството ќе биде лицемерно, зашто нема да биде диктирано од христијанска мотивација, туку од влијание на дадени околности – јас не удрив со тупаница по масата, зашто ми беше незгодно од другите… Затоа семејството е најидеалното место каде што се воспоставува врската меѓу верата и животот. Таа врска најпрво се воспоставува токму во семејството, а оттука се пренесува и во животот. Христијанската моралност најпрво го допира личниот, потоа семејниот, па на крајот општествениот живот. Значи омразата постои во општествениот живот така? Ако го земеме во предвид моралот кој потекнува само од свесноста на луѓето, можда некој не би направил нешто лошо затоа што има т.н морал. Меѓутоа што дека не направил кога во себе има омраза кон одредена личност. Додека пак христијанскиот морал не дозволува такви работи. Среќни сме кога тајно ќе ги возљубиме сите луѓе. Тогаш ќе чувствуваме дека сите нè љубат. Никој не може да стигне до Бога ако не помине низ луѓето, затоа што ако некој не го љуби братот кого го видел, тогаш како е можно да Го љуби Бога Кого не Го видел?(1.Јов. 4, 20). Што дека нема да направиш нешто лошо, кога го помислуваш тоа?Што значи моралот и те како директно е поврзан со религијата. Ова воедно нека биде и одговор на темата која ти ја имаш направено во религии со наслов Религијата и моралот.
Девојки баш сега ја читам Вештица од В.Андоновски. Нуди мошне интересни перспективи за Господа. Го нарекува Ѓаволот негова темна сенка и вели дека и тој мора да постои за д се биде цело, дека е неопходен. Книгата проповеда исто дека Бог е навистина само љубов, како што го сфаќам јас, што е далеку од претставата што ја имав за него порано од Стариот Завет. Ви ја препорачувам книгата, интересни размисли и филозофии.
Јас баш во темава гледам нерелигиозни личности коишто се нерелигиозни баш заради својата силна, длабока емпатија и тоа колку истата се коси со верските ставови по ова прашање
Тое е некое буржоаско божанство ваљда... Религијата отсекогаш била корисна алатка во рацете на психопатските елити. Дури и ок особи а верувам дека на темава се такви и двете страни, и тие веруваат во некаква причина за нивната несреќа не прашувајќи се зошто семоќно битие кое е Љубов не им испрати 25.000 евра, не им донесе паметен, секси, верен, забавен, убав партнер (или партнерка), не им дава некои екстра моќи нешто... И со таквото верување само се подржува злото и ништо повеќе. А чекај сега, нели казната и наградата ќе дојдат тек во второто доаѓање Христово, тогаш ќе се делат награди и казни и ќе се клика ристор фајл или дилит фајл од рисајкл бинот каде што стојат сите души од постанокот на светот до денес... така да од единствената исправна христијанска теологија (католичката ) целиот овој муабет е сувишен ако се знае дека Исус сеуште го нема Значи во последниве 2000 години никој не е осуден сеуште или казнет. Макар да веројатно е исто и во православци и оние отпаднатите протестанти што се нарекуваат, тоа е теолошка догма, кај католици е разлика во чистилиште само
Главниот проблем е во тоа што ни самите верници меѓу себе не можат да се сложат околу тоа дали, како и кога Бог казнува. Едни викаат дека Бог е добар и не казнува, а злото во светот произлегува од Ѓаволот. Други велат дека за злото е виновна човековата слободна волја и грешна природа. Трети велат „секое лошо за добро е“, односно дека иако на нас нешто ни изгледа како казна, тоа е всушност за наше добро. Четврти велат „сѐ се враќа, сѐ се плаќа“, односно дека за секое добро дело следува награда, а за лошо – казна. Петти пак велат дека правдина ќе има само на оној свет – дури таму ќе бидат наградени праведните и казнети грешниците. Шести велат дека казната за нечии лоши дела ги стигнува неговите потомци. Некои ги тврдат сите овие работи заедно и самите влегуваат во контрадикторности. И така натаму. Поентата ми е – дури и да постои Бог, смешно е било кој од нас – обичните смртници – да тврди дека го познава неговиот „ум“ и намери. И не само што е смешно, туку е и доста арогантно и самобендисано. Впрочем, целата суштина на приказната за Јов е во тоа дека Божјата промисла и волја не можат да му бидат познати на обичниот човек. И затоа, секој обид за рационализација на злото во светот е бесполезен и беспредметен – без разлика дали доаѓа од обичен верник или некој црковен авторитет. Затоа, не се ни обидувајте да рационализирате или да наоѓате оправдание за нешто како силување на 6-годишно дете, на пример; пред сѐ, затоа што никој од нас – верник или не, сеедно – не ја знае причината зошто нешто се случува, ниту пак ги знае намерите на Бог. Ако признаете дека не знаете зошто се случуваат трагедии, неправди и зла на светов, тоа нема да ве направи помал верник. Нема ништо лошо да се одговори со „не знам“ на прашањето зошто постои злото и да се каже „Без разлика на тоа, јас верувам во Бог и го живеам својот живот согласно мојата религија, трудејќи се да бидам подобар човек“. И никој нема да ви замери за тоа. Но ако се обидувате да наоѓате оправданија за грозоморни дела, не сте ништо подобри од оние кои го обвинуваат Бог за истите тие грозоморни дела.