Скоро од сите бои има по нешто во мојот плакар. Црна, бела, розева, црвена, сина, виолетова, портокалова, зелена, жолта, маслинова, кафена, крем, тегетна, сива.
zimskata garteroba poveketo kafena ili crna a ima i po kesto belo taka a letnata violetova <3 rozeva zelena bela i slicni svetli bio [mod-kirilica:1eawa8s2][/mod-kirilica:1eawa8s2]
Кога плакарите би имале име мојот би се викал погреб Највеќе има црно, црни маици во изобилство, црни корсети, црни кожни јакни, црни панталони, црни хеланки, и кожни и памучни, црни сукњи... Освен црната има и доста црвени парчиња. Ја обожавам сината боја, поточно темно сина, па се наоѓа и по нешто сино Неколку сиви маици, бели маици, беж, виолетово и тоа е се што спаѓа во бои. Во никој, ама во никој случај не носам жолто, зелено, а посебно не од онаа дречавата зелена, розево, циклама посебно не, фуј Инаку имам и десетина сукњи со хипи дезен, а го сакам и анимал принтот
Во зима преовладува црната , сива ,виолетова и темно сина додека во лето бела , црвена и други нежни бои
Есен е моето годишно време, ако не за друго барем за боите на мојата облека, пошто многу го мразам дождот и меланхолијата во есен. Во есен ја носам најчесто, окер бојата! Ја обожавам, сакам да ја комбинирам со се‘. Значи, некогаш ако немам било што во окер боја на мене како нешто да сум заборавила да ставам! Зима, исто окер! Покрај окер, носам и крем, и можда тиркизно темно! А, пролет и лето, е тогаш шаренила еден тон. Испод три бои никогаш не сум искомбинирала. Најчесто носам розева во сите нијанси, посветло, потемно, сино, особено тиркизно многу сакам! Зелено не обожавам така да немам облека во зелена боја, портокалово исто несакам ама имам некое џемперче и едно фустанче со портокалови детали кои доминираат. Ова лето ептен сум наклонета на циклама, баш вакво! Се‘ што си сум се подновила во последно време ми е во таа боја.
Кај мене повеке преовладува црната боја, сакам виолетова, циклама, мастило плава, имам и некои сиви, a овие бои повеке ги носам не сакам премногу шаренило или премногу цветно, а сега ке гледам следното парче да ми е во некоја друга боја, доста само исти бои купувам
па вака за во зима ми преовладуваат кафеавата, црната, сивата и кремавата , а во лето мнгоу си ги сакам тие повекје светлите бои иако ги немам многу а иначе во лето ми преовладува розовата боја
Најчесто црната. Во последно време така е, зошто незнам. Дури и повеќето од долната облека која ја купувам е црна. Порано како повесела да бев. И со нередот кој владее во плакарот тешко ми е да најдам што е што во црнилата. Вистински проблем е кога се брзам. Црната ми е боја доминантна, софистицирана, таинствена и секси.
па основните најмногу-црна бела сива тегет..летново е шаренко и крем(песок) боја..како тинејџерка мразав кафеава ме потсеќаше на старо,ама сега обожавам,есенва ке форсирам кафеава кожна јакна и мокасини..а искрено едвај чекам да преминам на земјени тонови,ме уби цветново и во плакар и по улици..