Јас сум изгледа единствената која не обрнува внимание на годишните времиња , мразам темни бои посебно црна, и воопшто немам ни еден партал со црна боја, бои кои најчесто се во мојот плакар се нежно розе (бебешко ), светло сина (небо боја), нежна крем боја, бела, светло зелена, и лила боја (светла или темна) и црвена поретко
Црни имам, ама сепак многу сакам шарено.. И баш овој период купував фармерки во боја, инаку се темно ми беше.. Па сега да продолжам, да е разнобојно
последно време,крем бојата ми е повеке во плакарот ги има во разлиЧни модели,кратки маиЧки,сироки,долги,исто така кај мене Чрно секогас се наојга незнам засто али ја сакам црната боја а и убаво ми стои...
Мојот плакар е шарен и во лето и во зима Секако дека имам и некои парчиња во потемни бои, но не преферирам многу да се "затемнувам". Си ги сакам кремавата, белата, шеќерната и црвената боја и тие и ми преовладуваат
Имам секакви бои. Сега од летните алишта имам најмногу во зелени, сини, цветни, црни бои. А, од есенските/зимските алишта најмногу имам во некои потемни бои: црни и кафени
Најчесто преовладува црната боја. Знам дека сум млада и дека не треба да носам црно,бидејќи има многу поживи и поубави бои но едноставно неможам.Зависна сум од црнава боја,едноставно тоа ми е стилот. Кога и да посакам нешто во друга боја да купам мислам дека не ме личи,и дека не изгледам добро. Неможам да се замислам во некоја неонска боја.