Порано во мојот плакар преовладуваше црната боја. Многу ја сакав и купував само црни парчиња. Сега најзастапена боја во мојот плакар е кремастата. Значи колку ја сакам оваа боја . А инаку преку зима најчесто носам темни бои, а во лето шарено
Мислев оти како ќе растам, да не речам стареам де ќе ми се смени манијата по впечатливи бои, ама не, иста си останувам Единствено што во последно време повеќе купувам на крем, или бордо, само црно немам купено ништо со години. Уствари имам, хеланки. Ама ги носам со откачени плави, лилави, црвени или крем туники. И секако што зимно време носам алишта со позагасити и потемни бои, а лето посветли и поживи.
Во мојот плакар преовладуваат крем бојата и секаков друг вид на кафеава.Друго што имам е црно.Има некои исклучоци како што се црвената,розевата,жолтата ама поретко Сакам нежни бои.
за есен: носам кафеаво, жолто, црно за пролет: носам розево, бело, ментол бои за зима: црно, тегет, бело лето: носам лајт бои стално најзастапена ми е hot pink
носам убави, нежни, понекогаш разиграни бои....во мојот плакар преовладува бело, розева, сина, зелена, црна, кремава, некое парченце црвена...едноставно се што ми се допаѓа мене, не сум фанатик само по одредени класични бои. сакам весело плакарче хехеххе единствено немам ниедно парче со жолта и полтокалова боја-од причина што не ги сакам овие бои.
Во мојот плакар преовладуваат темни бои,а најмногу црна и сива.Од светлите преферирам бела и кремова. Овие бои овозможуваат повеќе комбинации.Кога се работи за свечени моменти црната боја е незаменлива за мене.
Повеќе преовладуваат црвена, црна, сива и бела, инаку имам работи и во други бои но овие се најзастапени