Поголемио дел на облека ми е црна, а потоа имам и темно плава, сива, темно црвена и нешто бело и кремово.
Одсекогаш купував темна облека, онака поубава ми беше. Но во последно време гледам нешто посветло да си купам, поготово на лето, гледам облеката да ми биде посветла.
Претежно црно, кафено и сиво како основни парчиња, но ги ставам во комбинација со облека во нежна пастелна розева, тиркизна (која ја обожувам), сина, различни принтови, кои до скоро воопшто не ги сакав, но сега неможам без нив. А некогаш правам чисто ахроматски црно - бели комбинации со интересни додатоци во вид на накит, ташна, ремен или обувки, во зависност од моменталното расположение и пригодата.
Imam od se po nesto. Najmnogu bela, potoa sina, zelena, rozeva, lila, malku crno. Imam samo eden crven fustan. Ne sum fan na crveno.
Има секакви скоро. Но преовладуваат крем, тегет, бела, маслинеста зелена, бордо, сина... Сите ми се убави на свој начин ,освен розевата, а поготово онаа циклама розева. Некако не ја сакам воопшто.
имам секакви бои во плакарот но доминира црвена омилена мие сепак исто така и црно и крем сакам многу имам и бело а за во летните денови розева и тиркизна,и смарагдна боја.