уффф.. кога ќе го отворам плакарот ми се полнат очите ... Целата облека ми е шарена и цело време сум облечена во шарено и многу ми е интересноо ... Пред една ипол година носев само црно и сиво, но сега ми е поубаво
Имам многу розева гардероба и за во лето и за во зима. Во зима често носам црна, сива или црвена, а во лето бела, розева и жолта
Јас ова зимо си скапав во сиво,сакав сиво ова зимо си изнакупив и си правев разни комбинации,а нешто во последно време сум преукопирана со тегет...
Преовладува црната,црвената,зелената,белата и сината боја.Имам некои парчиња облека кои се во други бои ама многу ретко ги облекувам...
hmmmm koga ke otvoram plakar se e temno preovladuva crna, temno kafena, temnlo violetova, bordo, a od bela boja imam samo edno belo palto ama sum so plan da go ofarbam crno
Кај мене најмногу ги има црната и сивата боја. Иако сум тинејџерка и би требало да се облекувам во повесели бои, јас ги преферирам оние темните. Не дека сум даркерка или нешто слично, ама едноставно ги обожавам темните бои. Нормално имам и облека во друга боја и тоа најмногу во сина, пурпурна, бела, виолетова.. не ги сакам жолтата и зелената боја за облека, така да многу ретко може овие две бои да се најдат во мојот плакар.
Има кај мене секакви бои, во распон од бела до црна и се помеѓу... нема боја што ја немам во облеката, дури имам и парчиња во бојата што ја мразам - розева во сите нијанси... ама тоа ми се парчиња кои сум ги добила како подарок. А инаку, мислам дека кај мене доминира виолетова, сива, кафеава, зелена и жолта... уф, пак многу се
Имам од секоја боја по некое парче, а сега последниов период го наполнив плакарот со цветни дезени дефинитивно најмногу гардероба имам во црна боја, после тоа во зелена, па кафеава, па сина, виолетова... плакарот секогаш го местам по бои, ама лом ми се прави за 1 недела така да сите бои се измешани.
кај мене и во лњето и во зима преовладуваат белата и црната боја ректо може да има друга боја во мојот плакар