Сите бои ги има,но доминираат кафената,сива и црната. Си ги обожувам парчињата облека со тиркизна,жолта,љиљакова и зелена боја.
Белата боја преовладува ама малку претерав со нејзе па сега гледам да купам и нешто друго како на пример црно, црвено или љиљаково.Други бои послабо облекувам.
Сите бои ги имам , освен кафена. Во зима носам црно , сиво , темно плаво , темно зелено , темно црвено , лилјаково , тиркизно А во лето се ~
Ги има темнозелената, маслинестата, кафеавата, сивата, црната... Има и црвени и темно виолетови парчиња облека.
Речиси сите бои ги има особено летните алишта ми се во светли бои, но преовладуваат: бела (мојата омилена ) сива, црна сина...
Има од секоја боја по малку. Но претежно бела, црна, виолетова.И имам “забрана“ од мајка ми ако пак купам нешто црно. Ќе ми го исфрли оти само црно сум купувала и сум била како гробар. Млади луѓе носеле повесели алишта
Кога ќе ги извадам зимските алишта во плакар сваќам дека секоја втора блуза ми е или сива или виолетова .....изгледа сум претерала овие години со купување облека во тие две бои. Се наоѓа и по нешто бело, кафено, плаво, ама црвено кај мене нема ни за лек, ништо буквално (ич не ја сакам црвената, ни за лето ни за зима). Во летната гардероба ми преовладува бело, небесно плаво, тиркизно плаво, розе, виолетово, како пастелни така и појаки тонови.
Kај мене најмногу преовладуваат зимно време кафената,црната а во последно време и сивата боја и по некое парче со лилакова боја,црвена а во лето најмногу тиркизна,бела,тегет,црвена=морнарска комбинација.
Црно, тиркизно, кафено и тегет.....не сакам светли бои, многу ретко ги носам. Од мајка ми имам забрана за купување на облека во темни бои
Ауфф Сонувачка баш црно па се невиди. Претежно владее црната боја,мада знае да залета и некое сино,зелено,розево парче облека.Како сум расположена во моментот кога купувам така одбирам и бои