Јас сум многу задоволна што последнава година , внесов нови бои во плакарот, шарени и весели. Големо освежување е. Особено се радувам на парчињата што се со интересен дезен, риги, коцки, цветови и сл, зошто ептен ми го живнаа плакарот а можат да се комбинираат на многу различни начини. Преку зимата не бев толку колоритна, претежно хулахопките ми беа во жива боја. Сега на пролет ќе процутам како лаленце.
Во мојот плакар претежно се мотаат алишта во виолетово,сиво,црно,бело,розево,кремасто.. Сакам светли бои, но знам и да се „зацрнам“ некогаш хаха
Сиво, бело, црно, розево, чат-пат сина, ама убава сина и во последно време виолетово форсирам инаку сакам и црвена боја, но ретко ја носам...прочитав негде дека тие што носеле црвено биле сигурни во себе, јас изгледа не сум
Во мојот плакар повеке преовладува белата,црната и цикламата.А инаку имам и неколку работи на тиркиз сиво виолетово розово плаво
Во мојот плакар преовладуваат и весели но и темни бои, во зависност од годишното време ги комбинирам Инаку ги имам сите бои во плакарот, најмногу црвена, сива, зелена, плава
Најмногу имам облека во црна, кафена, крем, бела, сива, по некое парче розе, црвено за летно време. Во зима најмногу носам потемна боја на облека, а во лето претежно бела.
obicno crna i bela vladeat a za vo leto mislam site mozni svetli boi gi imam osven portokalevata nekako najmalku ja sakam [mod-kirilicaedwbd04][/mod-kirilicaedwbd04]
Кај мене боите во палкарот зависат од сезоната! На лето имам скоро од секоја боја по нешто. Но најмногу преовалдува бело, плаво, тиркизно, зелено, пинк, лилаково и црвено, и по нешто црно и сиво Додека во постудените зимски денови мојот плакар е темнинааа хахаха Па воглавном има облека во црно, кафеаво, сиво и лилаково! И тогаш единствените бои кои се истакнуваат би биле од бројните маички кои сум ги оставила за комбинирање
Па зависи од сезона...на лето најмногу бела,розева,тиркизна...и така исончана чоколадна обожавам да дречам додека кога студи црна ,сива (од најсветло до најтемно),темно лилава,тегет...
Од нај нај нај најтемната (црна -тажна боја),па се до нај нај нај светлата ( бела -највеселата боја) во скоро сите бои и нијански
Претежно црна, но се наоѓа и кафеава, зелена, црвена, бела, сива и по нешто од другите бои. Сега сакам и планирам да го освежам малку, да не е се на црно зашто почна да ме нервира, а и сакам да носам облека во понежни и поживи бои, па и плус пролет е - треба нешто поживо да се внесе
Секакви бои и нијанси може да се најдат во мојот плакар. Од најтемни до најсветли. Преовладуваат црна, кафена, сива, розева, бела, виолетова...