најчесто преовладуваат црната и белата боја (црно-бели свет),но се наоѓа и по некое сиво парче кафеаво,темно зелено(маслинесто) ,темно лиљаково и кресмасто
Есенва се опремив со тегет Некако почна да ми преовладува оваа боја, и модерна или не, јас си имам парчиња за секаде
Во средношколскиот период се‘ се вртеше околу темните бои - црната, сивата, кафената, тегетот и маслинестата, и не поради визуелни ефекти некои постигнување бидејќи немав ни 50 кг. Последниве години се свртев наголемо и кон светлите и шаренки парчиња, дури и оние со различни принтови, така да сега со гордост изјавувам дека мојот плакар е во сите бои на виножитото (ова секако се однесува најмногу на летната гардероба на чоколаден тен комбинирам и по дречави бои, иако во принцип повеќе сум приврзаник на земјени и општо боите на природата си ги викам, токму оние нијанси кои се среќаваат во природното опкружување).
Обично се на црно,сиво ми беше.А сега ми се увртеле во глава крем,кафено и тегет и се на тие бои гледам гардероба а и купувам.
хмм епа вака значи нај многу облека имам во црна,сива и плава боја. Ги обожавам тие бои. Инаку сега повише гледам да купувам на бела,кремаста и мастилна боја. Обично сакам да ги комбинирам боите пример плава со кафена или плава со црвена...и слично. Така што пример ако купам плава блуза, си купам кафено шалче Ги сакам боите, сакам да експериментирам со облеката.
Најмногу преовладуваат неутралните крем, црна, сива, бела... Во лето ги комбинирам со поживи бои, во зима со потемни, по сталожени... Бордо ми е омилена боја за во зима со години, не знам ни јас зошто
Хаха боите т.е. бојата која највеќе ја има е црната. Кога ќе барам нешто ги вадам сите алишта надвор за да го најдам тоа што ми треба xD. Имам нешто и сиво, кафено, но сепак темни бои преовладуваат
епа вака есен преовладуваат темните бои темно црвена-винеста, темно зелена, темно Жолта, кафеава, црна, тегет. зимацрно, тегет, црвено, крем, зелено, лилјаково, сиво. пролет микс од бои, шарени дреЧ бои. зелено, розево, Жолто, плаво, портокалово, лила. лето исто одам кон шареното а најмногу црвено и зелено и бело исто така.
За летниот период си имам крпчиња во 536948 бои . Блуфчиња, маички, сикњички, се и сешто. Ама пролетта и есента ми се поеднобојни , имам најмногу виолетово, сино, сиво, тиркизно, омилени ми се и најубаво ми стојат. Во зима сум црно - бела - црвена .
Што знам, во лето по дифолт носам пошарено, поразиграни и летни бои. Најмногу облека имам во бела боја, дефинитивно. Лето, знам да бидам малце послободна со изборот, и знам да си облечам подречлива боја со некој аксесорис во истата, додека пак зима одам на стандардот за мене, тоа е црната боја. Некако омилените комбинации ми се во црната, белата и сивата боја. Но, имам и виолетова маичка која патем никогаш не сум ја облекла, иако ми е поклон од Грчка. Имам доста необлечени работи што така ми стојат во плакар затоа што се некоја шуби дуби боја. Значи да не одолговлекувам, боите во мојот плакар се: бела, црна, сива, розева, темно-сина, со примеси на останатите бои, во кои имам по 2-3 парчиња облека.
Луѓето обично ми велат дека многу убаво ми стои розевата боја, па во мојот плакар ми се чини најмногу доминира таа боја. Секако, не онаа бебешка розева, туку потемни нијанси на циклама. Носам секакви бои, а избегнувам црно. Сакам живи бои како зелена, жолта, а зимно време претежно носам кафено, виолетово, темно црвено и слично.
Порано беа црно,бело,сиво.. Сега несакам црно да смислам. Се ми е шарено. Сега се стремам повеќе кон земјени, есенски бои. Преубави се.
Ситеее!!! Најомилени ми се црна, индиго сина и шумско зелена! жолтата исто така ми е многу интересна и малина розевата боја! Кафена темно е убава ама немам ништо во оваа боја, додека пак посветла имам неколку работи. Но во главно доста шарени бои имам во плакарот
есен/зима црна стандард кафена кремава тегет сива златна црвена бела Спојлер боиве нефарбани неможев да ги најдам (ги нема) пролет/лето: бела розева + разни нијанси сина тиркизна кремава шарена
Барем еднаш месечно од гардароберот исфрлам облека на нервна база. Само црната, црвената и сивата боја заслужија да останат таму на подолг период. Ако мене некој ме види во светла боја значи нешто не е во ред
секогаш практикувам да имам од се по нешто, бидејќи секој ден нова идеа ми доаѓа во глава. летно време се претжно светли и шарени принтови а зимно време темни бои,животински принт