Ве молам кажете ми која боја највеќе одговара со зелената за на ѕидот..... навистина не знам како да си ги обојам ѕидовите на мојата соба.... чекам ваши мислења..
Зелената може да се комбинира со повеке бои но мене најмногу ми се допаѓаат комбинации како : зелена и протокалова, зелена и жолта , зелена и плава но боите да бидат исклучително јаки . Јас би избрала во зависност од мебелот во собата. Мојата соба е зелено , плаво и жолто .
па мебелот ми е со зелено (нема многу) и бело по класичен е и сега не знам а сакам да ми биде убаво.... ама има проблем што не ја сакам жолтата боја а и портокаловата не ми се допаѓа многу..... за за тоа со плаво нз не ми текнало... но да не испадне премногу ,,ладна,, соба со зелено и плаво
Па можеби само палво-зелено би било малку ладно кај мене во собата мислам дека целата топлина ја дава жолтата и затоа не изгеда ладно. Еве еден линк можеби ке добиеш инспирација http://www.kafepauza.mk/art-i-dizajn/60 ... rski-sobi/
За бојадисување на ѕидови, комбинација од зелена и жолта, или зелена и портокалова - не ми се допаѓа. Убава комбинација е зелена и розева, ама можеби ќе делува малку бебешки. Другарка ми ја има направено собата цела зелена, со тоа што двата ѕидови и се потемна нијанса, а другите два посветла. Искомбинирани и се еден спроти друг, а плафонот е бел. Баш убаво изгледа и не делува воопшто ладно. После можеш со мебелот, тепихот и постелнините да внесеш малку топлина и да разбиеш монотонија
Една колешка на мајка ми и кажуваше дека во трпезаријата каде што јадиме требало ѕидовите да бидат во црвена боја за да ни се зголемел апетитот, да сме јаделе повеќе посебно јас . За еден месец мајка ми го убеди татко ми да наместиме црвени тапети во трпезаријата , ни се отвори апетитот , дали е од побавите јадења или од тапетите незнам
Пробај со виолетова мн. убава испаѓа...Мене ми е така.Едниот ѕид ми е зелен,еден виолетов,и еден ѕид ми е во риги зелено-виолетово.
Па не знам,мене зелената не ми е баш светла така јарка,така ми иде накај тиркизна ама не е баш поточно ваква некако: Таа што е 66FF99
ти пределагам праска боја нешто меѓу жолта и портокалова интересна е и топла, ние оваа година сме во сино и некако ни е темно и ладно во собит, само спалната за спиење ни е погодина,летово здравје во праска ќе кречиме
Кај мене сите ѕидови се во светло розова боја, ми се допаѓа затоа што не е премногу силна и ги одмара очите од една страна, и не е досадно бела од друга.
Кај нас во дневната еден поголем дел од ѕидовите се во праска боја и во ходникот еден ѕид што е празен, спроти плакарот исто така е во праска боја.
Кај нас сите ѕидови се бели , патем ми се допаѓа идејата за виолетово зелено а и убаво би било зелено со праска боја
Кај нас дневната е светло розова со праскова боја , а кујната е кремаста Спалната е сина,купатилото е сино