@okcenzi Не сум експерт, ама мислам дека ќе дојде премногу монотоно ако и гарнитурата и тепихот и фотелјата се зелени. Пробај разиграј ги боите. Ако се ѕидовите бели во двете простории, гледај и подот да биде со сличен финиш ако не и од ист материјал.( Пример ламинат од светло дрво). Ако е гарнитурата зелена јас би ставила тепих со портокалови детаљи или бел а место фотеља мала табуретка со исто бела или портокалова боја. Или место аголна гарнитура тросед со две стилски столици. Масичката може да биде комбинација од дрво и бела боја. Исто може да се постигне кохерентност на двете соби ако вметнеш детаљи како вазни, свеќи, украси во зелена боја за кујната ( која би била портокалова) и портокалови украси и перници за дневната (која би била зелена). Може елементите во кујната да бидат дрвени во комбинација со бело, а плочките да бидат со мозаик во портокалови нијанси, или страничните ѕидови да се офарбаат портокалово, плочките имитација на дрво а елементите бели, а акцент ѕидот во дневната да биде зелен па гарнитурата да биде бела ( ама баш и не е практична бела гарнитура). Исто може да се разиграат и боите на масата не мора да биде бела маса бели столици. Пример бела маса, столици со бело и дрво или тапацирани столици со дезен комбинација од портокалово и зелено. Ги нафрлав идеиве малце хаотично ама се надевам дека се разбира што сакам да кажам
Ако може помош итно ми треба бебе иде за некоја недела а ние допрва ќе белиме еве слика од спалната моја уште креветчето и плакарот за бебуш да ги ставиме кои се иста боја како спалнава... ѕидот сакам друга боја па барам совет каква ќе одговара???
Зависи дали сакаш земјени или повесели тонови. Јaс би избрала сива, мене сиво - кафеава ми е добра комбинација.
I nie sme sega vo doseluvajne vo novata kujca prvin edna generalka a potoa planiram bojadisuvajne. Bi sakala nekoja boja vo sobata kade ke spieme,nekoja crvena na vino na zidot kade sto ke bide krevetot bi bilo ubavo... Nekako vozbudeni i seuste ne znaeme sto i kako iako idei se vrtkat vo glava :/
Ѕидовите во мојот стан се сиви, бели и со на некои места црно, секоја соба е обоена на различен начин, но со една или две од горенаведениве бои, не е шарано со три бои во една соба, ама сега планирам да си сменам, во сите соби да ставам сиво, со посветла нијанса на праска боја, да не биде веќе она баш портокалово, туку измешано со крем боја.
Во кујна ѕидовите ми се сиви и одговараат со кујната (елементите се сиви), во дневната соба ѕидовите ми се бели, па размислувам на еден ѕид да ставам декоративен тапет со црно-бели вертикални линии (ќе ставам слика подолу), за да разбијам монотонија во просторот. Плус ТВ комодата ми е црно-бела (предниот дел е со црна боја - медијапан), гарнитурата ми е црна, а клуб масата ми е бела. Во мојата соба имам две бои, на ѕидот каде што ми е лежајот ѕидот е син, а другите се со сива боја. Еве, ваков тапет мислам да ставам во дневната.
Ќе можете ли да ми препорачате по нежна (светла) боја за во станот? Сега имам Светло кремаста и портокалова. Па сакам да сменам и некој да ми препорача некоја друга идеа.
Дневната ни е бело со светла праска боја, спалната е темно праска со бело, на брат ми плава и мојата и на сестра ми виолетова
Моментално ѕидовите се бели, ама планираме да ги офарбаме во праска боја. Многу ми се допаѓа таа боја.
Некако монотона ми е белата боја. А кога ќе ја направиме детската соба, ѕидовите ќе бидат небесно сини.
За детска одговара, сина, розе..., нежни бои, ама зависи од полот. Може и неутрални бои да се стават, како на пример, светла крем со нежно тиркизна.
Девојки малку помош ако може ,станот ми е во комбинација со сиво,и крем боја,позади тв комодата е обоено со сиво другите зидови бели.Ама сивото некако многу ја затвора просторијата,дајте идеја за друга боја ?