Кај нас секаде ѕидовите се бели. Со сестра ми сакаме да ја обоиме собата во некоја боја, да не е бела. Пред неколку години, кога бевме помали, сакавме да ги испрскаме сидовите во разни бои, но мислевме да не испадне „ ѓупско“. Јас сакам виолетова или на праска ама не знам дали ќе одговара со бојата на мебелот, светло кафеаво, беж така нешто е - нешто како втората и третата боја на сликава.
Кај мене се обични бели ама сакам да ставам некоја боја сакам црвена со бело или црно само што јас сакам и плафонот да се кречи ама викат дека не било убаво
Баш од саботата навака го реновираме станот хахах беше цел освен детската (која е во жолти,црвени бои и таванот зелен) беше цел стан во розевкаста некоја боја а сега во склад со мебелот праиме како порано само ѕидовите во крем боја,некои по светлокафена а лајсните на сводовите чоколадо боја, супер е
Немој плафонот да го кречите никако ни под точка разно! Ние се зезнавме така,и сеа не ги покрива обична бела боја туку требаше и поликолор кој е 1900денари кантичка :/ КАТАСТРОФА едвај се покри а со тавани во боја изглеа селски и никој архитект нити обичен молер не го препорачува тоа,само во детска може за да биде како игротека ако е за помали деца,ако е за тинејџери по нивна желба
Епа вака ке ти дадам една идеја, твое е дали ке прифатиш. Кај мене во собата на секој ѕид е повлечена бела дијагонална лента, горниот дел е со портокалова боја, додека долниот дел е резеда зелена. Многу убаво изгледа.
Мене со зелена најмногу ми оди портокалова,а можеш и на праска...сепак зелено портокалово ми е топ,сега зависи како ќе ги потрфиѓ боите да не дојдат превише кич
Мене ѕидовите ми се бледо лила (во склад со мебелот и теписонот)а сега ќе ја реновирам собата па мислам да ги направам многу бледо розеви,несакам бели обични ми се.
Во мојата соба е лила (накај розево) со сино. А во другите е праска боја, но летоска ќе кречиме и ќе видам. х)
По моја иницијатива ѕидовите кај нас дома во дневна и кујна се светло зелени! Убаво одговараат на мебелот кој исто така ни е во зелено, портокалово,кафејава боја! Овојпат мислам дека ќе ги обоиме во праска боја бидејќи многу ми се допаѓа комбинација зелено со праска боја! А во мојата соба моментално се бели ѕидовите но планирам на промена! Собата ми е во кремасто-кафејава боја, креветото во сино-лила боја а килимот во кремасто-црвена боја (ептен ми се измешани боите во собата) и сама се чудам од толку измешани бои какви би требало да бидат ѕидовите !
Сега ми прават една собичка.. па си избрав виолетова и сива боја, кој знае како ќе излезат хехе јас сакав потемни да бидат, ама ме предомислија и си избрав така понежни некои.. плафонот се разбира бел
Мојата соба е цела сина нијанси од бела на таванот се степенува до мастилава(до подот) А ако ти е мебелот зелено-бел направи иста нијаса од зелената и некоја друга боја од слична палета(сина виолетова) за ладен ефект а ако сакаш по јаки бои можеш со некој контраст на пр. некоја по жива боја но се тоа варира од од личниот стил забавувај се малку со боите но не претерувај да не изгледа па смешно поздрав и се надевам дека многу убаво ке ти испадне!!!
Со зелена добро би ти одговарала крем боја. Да знам дека вака лошо звучи ,но кога ќе замислам нежна нијанса на крем во комбинација со зелен мебел навистина ми делува прекрасно. Инаку можеш и зелени да ги направите. Зависи каква нијанса ти е зелната. Ако ти е посветла-sидовите потемни, ако ти е потемна-sидовите посветли.
Мебелот е кафен, тепихот крем со некои исто така кафени детали, а ѕидовите се светло крем. Овие бои ја прават многу затворена собата, па си мислам ѕидовите да ги обојам во друга боја, некоои идеи?
Бојата соба сега е во изработка. Ѕидовите се веќе готови, си одбрав розова боја(не е баш таква, ама слична е). Плафонот бел е! Инаку во останатите соби ѕидовите се бели или крем!!
Кај нас ѕидот во спалната е бледо жолт, а спалната и плакарот се бели во основа со потемно кремова боја и светло зелени стазички ...и собата изгледа светло, топло и релаксирачки, баш за опуштање....Вецето е бело со зелено, а во дневната целиот мебел (гарнитурата, масичката, трпезариската маса и столиците и постољето за тв)е бел, теписите се пастелно лилјакови, едниот ѕид е светло лилјаков,карши него ѕидот е со стакла од горе до доле и на едниот ѕид залепивме апликација која е ептен ефектна...си го обожавам домот кој само што го средивме...
http://jub.active-online.de/mk_mk/?sess ... &user_id=0 Можете да си комбинирате бои да видите кои одговараат
Мојата соба е жолта и многу убава испадна бидеќи се плашевме дека нема убаво да испадне дека жолто но преубава многу си ја сакам бојата
Ѕидовите ми се сиви и сакам да направам мала промена за да не ми биде толку монотоно,т.е. сакам да ставам некои виолетови кругови или ленти.Можете ли да ми дадете некој предлог што би можела да исшарам на ѕидот,а да не биде многу комлицирано..сакам нешто поедноставно?!