Во дневна, кујна и ходник праска боја(нешто измеѓу розе и портокалово) Во спална - виолетова, кај мене во соба - зелена
исто ... само во кујната има како шанк и околу шанкот има едни шари и шарите се во праска боја. незнам поинаку како да објаснам. ќе поставам слики подоцна.
Дневната едниот ѕид ми е портокалов, а другиот кафеав со светлокафеав мебел, кујната е бела цела, спалната едниот ѕид ми е зелен, др.бели ,на ќерка ми детската едниот ѕид е со тапети, а др 3 розеви. Гостинското купатило ни е портокалово, а бањата ми е со темнокафеави и драп плочки и драп елементи.
Јас ич не сакам бели ѕидови, ич ич! Кај мене дома се шампањ боја, а имаме ставено на некои помали делови- вдлабнати ѕидови како полици што се, а и на ѕидот до скалите - темно црвена боја, многу убаво одговара, нити прејако нити монотоно... Има некој баланс
Па ако уште си тинејџер тогаш пробај нешто нацртано (цветови, цртценца итн.) боја најмногу одговара на гарнитурата каква ти е јас би рекла бела, жолта или кафена...
Кај мене купатилото, ходникот, спалната на моите и кујната се во бела боја. Дневната и мојата соба се во кајсија боја
Пролетва сакам да ја бојадисам мојата соба зелено-жолта. Многу ми се свиѓа оваа бога како за овој период, бидејќи сакам да ја освежам малце собата...ми беше бордо
Ние само што го окречивме нашиот нов стан , дневната , кујната и спалната соба со праска боја , а детската соба за ќерка ми розево-лиљакова
Во ходникот и детската соба е бела,во вецето,кујната и дневната е некако како жолта боја,а во трепезаријата е како праска малку посветла
Јас ги имама сино со жолто пошто имам брат и така јас сакав розова.Ама сега да можев да го вратам времето це ја направев црна со вишна
Луѓе ај ако имате некои комбинации на сива црвена кафена и црна боја во соба постирајте, значи сите четири бои во една соба да се вклопени
кај мене во соба е капучино боја со кремаво бело,али сега сакам темно црвена да ја направам со комбинација на бело
Сите до еден се бели би сакала мојата соба еден ден да добие некои нежни нијанси, бледо розово, зелено..
Феминки детската соба ми е жолта веќе подолго време и летово се решив да ја реновирам во виолетова со бело, но во разговор со една другарка што порано имаше виолетова соба ми напомена дека мн релаксирачки и делувала да не речам ја успивала и никако не можела да учи таму. Јас сум сеуште студент па ептен ме замисли ова, но мн ми беше мерак виолетова да си ја напраам собата.Па сега се мислам да биде виолетова со зелена,што мислите? Влијае ли контрастот на боите на пример ако го комбинирам со зелено ќе идам на некои појаки нијанси, ќе го избегнам ли така успивачкиот ефект или ќе останам без факс ?