-Можеш да ги направиш темно виолетово со на некои делови светло зелено Иначе кај мене мојата соба е темно розева со светло розеви тапети,спалната бело со темно кремасто,собата на брат ми е светло жолто со светло сино,дневната,трперазијата,кујната е со светла кремаста и бела
Исклучиво бели, тато не дава друга боја, тешко се префарбувало после. Така што не сака ниту да чуе. А,јас имам толку симпатични идеи. За еден ѕид во лаванда боја. Убаво би освежил. Само во трпезарија, ѕидот до масата ни е нежна, праска боја. Треба да се фарба наскоро. Едвај чекам да поминат гужвите околу тоа и да уживам во чистите ѕидови.
Па вака зелена може да се искомбиира со повеке бои како на пример со протокалова жолта плава но ова завици и од бојата на мебелот но најдобро е ѕидовите да ти бидат во 3 бои....
па вака во мојата собата имам 1 sид со светло зелена некоја резеда боја бидејќи мебелот ми е зелен со бело. Во дневната е праска боја исто и во кујната ходникот ни е бел а собата на сестра ми некоја светло виолетова
Кај нас доминираат три бои, имаме бели и графитно сиви (како врв од молив) зидови и одредени столбови и контрукции од гипс картон се со јака жолта боја, не неон жолто туку онака сончево жолта Преубаво излезе .. при изборот на бои, дефинитвно ни помогна програмчето на ЈУБ Ви го препорачувам на сите
Бело,око мене све је бело. Моите не сакаат во различни не за друго,а ако мене ме прашуваат дневната би ја направила црно-бела,детската зелена,спалната небесно сина.
Кај нас сите ѕидови се бели,но имаме тапети.Инаку до пред некое време,можеби 1-2 год. мојата соба беше зелено-портокалова.
Светло виолетово со бело. Во мојата соба имам тапети во нежна виолетова боја со примеси на нежно сино. Во ходникот бели ѕидови.
Светло виолетово- не ми испаднаа како што сакав па на пролет после една година гледање во нив ќе си ги затемнам малку , мислев дека мн поразлично ке испаднат ама ајде...инаку јас сакам црвени и црни ама фалеше дрскост за тие бои
Дневната, трезаријата и главниот ходник се со бледа боја на праска, мојата соба е розева, на брат ми плава, се останато стандард бело
да одговараат двете бои заедно , весело ке биди оваа комбинација исто оди со сива-гри http://www.iseecubed.com/wp-content/upl ... g-room.jpg http://coloursnapshots.files.wordpress. ... purple.jpg http://cdn.homedit.com/wp-content/uploa ... fold-2.jpg
Сакам да ја бојадисам собата во црвено. Два ѕида црвено а два ѕида бело. Е сега ме интересира дали знаете колку пари е една канта црвена боја и дали би ми стигнала?
^ Anai, црвената боја е малку специфична, така што ако собата е помала, или ако имаш гломазен мебел, може многу да боде на очи. Братучетка ми ја направи цела соба црвена, и може звучи смешно, ама маваше на псхиха кога ќе влезеш. Па после два ѕида ги префарба бели, ама пак некако се ограничуваше просторот. До душа зависи и каква нијанса на црвена имаш во план, нејзината беше малку појака, некоја ваква слична нијанса Мене на пример бордо нијанси многу повеќе ми се допаѓаат отколку класична црвена, во комбинација со крем супер изгледа. Кај нас дома само кујната и спалната се со бели ѕидови. Дневната и трпезаријата се крем боја (и на еден ѕид имаме тапети), ходникот уште пред 25 години е залепен со плута (што се покажало како добра инвестиција, затоа што многу убаво изгледа во целиот амбиент, башка лесна е за одржување). Детската е во некоја праска боја, ама здравје следното лето планирам да одам на портокалова. Ме предомисли дечкото кај што купував боја, ми рече дека многу ќе ми ја затвори собата. Ама вака кога ќе ја замислам, баш добро би дошло потемна нијанса од сегашната.
Знаете ли приближно цени на боите за ѕид. Колку ги плативте вашите? и од каде ги купивте? И како оди тоа, се знае една канта колку литри е и колку квадратура со неа се покрива или поинаку. Инаку мене ми е во план во дневната и спалната по еден ѕид да биде во зелено, а останатите бели или нијанса на сивкасто.
^Имаш две опции. Едната е да купиш бел поликолор и зелен пигмент, и со постепено додавање да ја постигнеш бараната нијанса. Оваа варијанта е поефтина и зависи и од нијансата на зелено, на бела основа тешко само со еден пигмент се постигнуваат оние јаки зелени бои, ама со оглед на тоа што имаш само по еден ѕид подобра ти е втората варијанта. Тоа е да си одбереш нијанса од палета на лице место и таму ќе ти ја измешаат бојата. Една канта бел поликолор мислам дека е од 25 кг. и чини околу 600-700 ден., зависи од производителот и покрива околу 100 м2 ѕидна површина ако не се лажам. Ние сега за сега ќе ги оставиме ѕидовите бели, станот е нов па некако не ни се бојадисуваат веднаш, кога ќе дојде време за наредно молерисување ќе размислуваме за бои, таман и малата до тогаш можеби ќе ја има поминато фазата чкртање по ѕидови.