Кога кречевме, на каталогот беше како праска боја така нешто. Ама исходот- како прљав да е ѕидот, да помисли човек не сме кречеле 100 години.
Чекај што е тоа фототапет, исто ли е со тапет? Јас лично не сакам тапети, знам дека ги ставаат само на еден ѕид или на дел од ѕидот. Аме мене некако не ми се допаѓа, незнам зошто. Е интересни ми се гледаат тие стигерите, во разноразни форми. Само незнам која цена се одприлика. И дали доколку не го сакам повеќе, ми се здосади, можам да се извадам, без притоа да се оштети ѕидот?!
Ми треба помош, мала идеја за децката соба . Собата ми е многу малечка и целосно е бела , нема многу кизнеј колку простор само право кога ќе влезиш лево е регалот плав-розе боја и десно креветчината . Е сега проблемов е што сакам да си ја сменам бојата на ѕидовите некоја повесела розева не обожавам можи некој идеи со цртање да ми дадете ако не е проблем .
Кај нас се има само бело нема. Праска,портокалови и розе нијанси во трепезаријата,кујната,дневната и ходникот,а розе во детската. 4или,убава ти е идејата,мислиш ли на оние сликите како во игротеките?
Кај мене дома преовладува белата и жолтата боја кои планирам да ги сменам малку. Се мислам помеѓу сино и зелено ?? Повеќе ми се допаѓаат посветлите бои,ми даваат поголемо расположение..ммм да да
Како помала ја обожавав розевата,така што ѕидовите беа розеви т.е цела соба розева ми беше.. Али сеа поради братми дека бил ''голем'' ,пф, се плави.. Али планирам сега да сменам на по светли свежи бои
Здраво во дневната и кујната соба сакам да ги имам боите виолетова кафеава бела и сива...мебелот сакам да ми бидекомбинација од бело и кафеаво и малку виолетово..кои нијанси од овие три бои најмногу си одговараат и дали воопшто одат заедно..
За да разбиеме монотонија, со летното кречење, мајка ми и јас бевме сложни за ѕидовите во дневната и кујната овојпат да ги обоиме. Се договоривме и околу бојата, но поради мал неспоразум со човекот кој шо беше најмен да кречи се испостави тоа да биде боја на јоргован. На почеток бев малку скептик, но финалниот резултат на сите ни се допадна. Останаа бели само ѕидовите на кои има прозори, поради дополнителна светлина која беше потребна.
кај нас ние во дневна имаме еден зид виолетов а другите три се бели. Мебелот ни е црн со бело и виолетови украси имам.
Никогаш не ми се допаѓале бои од типот на светло сина, портокалова, зелена да преовладуваат во домот и ѕидовите. Кај мене во моментов има бордо, кремасто, бело, барем во глобала. И важни ми се материјалите. Сакам најмногу мермер, камен а до некаде и дрво, но поумерено.
Зелената многу иде со светло портокалова или со жолта. Ја обожавам таа комбинација иако мојата децка е во сите бои.....
Во салонот е на праска боја на кај крем исто и во дневната со тоа што едниот ѕид е бордо. Спалната е свело лила, а детската е светло зелена.
Во дневната 2 ѕида се со праска боја другите бели, мојата соба и салонот се во светло зелена боја, а другите соби бели.