Го прочитав ова и сакав да го споделам со вас. Кажете ми го вашето мислење, и дали ги сакате боите што се препорачани за вас. Видовите кожа на луѓето може да се поделат според годишните времиња: Зима Кожа која е бледа, жолтеникаво-маслинеста или темна – луѓето со ваква кожа најчесто се бринети, со интензивна боја на очите. Тука спаѓаат и Афроамериканците и Азијците. Доколку се пронаоѓате во описот, треба да носите бои кои се чисти, остри и силни. Бела, црна, морнарско сина, црвена и вжарена розе боја одлчино одговараат на ваков тен. Се препорачува да се носат повеќе ладни бои, отколку пастелни нијанси. Избегнувајте ги портокаловата, беж и златната боја. Лето Кожа која е бледа и розеникава – оваа кожа е најкарактеристична за русокосите и бринетите со светли очи. Оние кои се пронаоѓаат во оваа група треба да ги одберат пастелните и меките неутрални бои, комбинирајќи ги розевите и сините нијанси. Лаванда, слива, розе, кафена и сина се бои кои се препорачуваат, додека црна и портокалова треба да се избегнуваат. Есен Тука спаѓаат луѓе со златести тонови на кожата. Оваа категорија е карактеристична за црвенокоси и бринети со потемна боја на очите. Носете златна, кафена, беж, портокалова и темно кафена боја. Одбегнувајте ги сите нијанси на сино. Пролет Кожа која е во боја на праска и крем. Тука спаѓаат луѓе кои имаат пеги, румени образи, зелени и сини очи и светли бои на косата. Оние кои се најдоа во оваа група треба да носат топли бои, како златна, жолтеникава, златно-кафена и боја на праска. Треба да одбегнуваат темни, досадни бои. Овој текст е копиран од Кафе пауза. Ако оваа тема е двојна тогаш нормално клуч
Па според ова јас спаѓам во Есен . И може да кажам дека златна (кремава), кафеава ми стојат навистина убаво. Не дека само во тие бои се носам, но би рекла дека до некаде се совпаѓа горе напишаното
Есенско дете, дефинитивно. Мојата неизбежна кафеава боја. Не знаев дека ми е омилена се' додека не си го отворив плакарот И уште една интересна констатација - на секоја Нова година носам кафеаво. И тоа ненамерно. Баш пред некое време размислував што сум носела изминативе години и сфатив дека 6 Нови години по ред носам кафеава облека. А и си ги сакам тие земјени тонови, мислам дека пишував веќе во друга тема...
Еве јас сум изгледа есенско дете со примеси на пролет Е работата е што мене и сино ми стои и тоа е една од боите кои најубаво ми стојат, и темни бои ми стојат...
Зима-во тој опис најмногу со пронајдов,но да додам кожата не ми е премногу темна.А со боите штознам,не ми се баш погодени
Бидејќи имам потемен тен ама не ми е златен навистина кафеаво ми стои и потемно и посветло, ми прилега и белата боја и розева и црвена абе се си мислам секоја боја ми прилега ама гледам дека ништо портокалево во плакаров немам освен едно летно блузиче на прерамки така да изгледа ми стои ама најмалку таа боја ја носам.
Богами погодено ми е ..Имам вампирско блед тен а длабоко изразени кафено-зелени очи така да зима сум ваљда а инаку се сум си облечена во розе, црно и бело ( по некоја случајност )
Имам мноогу светол тен и темно-кафени очи и коса...Значи сум зима И по некоја случајност се облекувам во сите бои кои се нагласени и немам ништо кафено Добро е, сум ја погодила работата
Јас спаѓам во зима и во есен, бидејќи сум бринета со интензивна,потемна боја на очите. За зима вели да носам морнарско сина, а за есен да ги избегнувам сите нијанси на сино Како и да е, ми имаат кажано дека дека сина, црвена и вжарена розе боја ми стојат, така да изгледа дека сум зимско дете
Јас се пронајдов во зима. Бледа кожа, со жолтеникава нијанса, темна коса и темни очи. Најмногу ми стојат и најчесто си носам црно, црвено, темно сино и розево, така што дефинитивно ми е погодено дека сум зимско дете.
Јас се пронајдов во Зима - Кожа која е бледа, жолтеникаво-маслинеста или темна инаку бринета сум и да, најмногу ми одговараат црна, бела, морнарско сина (една од моите омилени бои) и црвена иако не носам често облека во црвена боја.
Се порноајдов во лето, бледа кожа и плава коса ама пастелни бои баш и не ми стојат... Темни бои (црна, сива, тегет) најубаво ми стојат....
Сега за сега обожавам кремова боја, а мислам дека ми прилега. Исто така сакам црна, сива и темно кафева.
Лето, лето. Портокалова баш не носам, ама црната да речеме дека ми е секојдневие. (не цела у црно, али морам да имам или патики или маичка или панталони)
Зима Кожа која е бледа, жолтеникаво-маслинеста или темна – луѓето со ваква кожа најчесто се бринети, со интензивна боја на очите. Тука спаѓаат и Афроамериканците и Азијците. Доколку се пронаоѓате во описот, треба да носите бои кои се чисти, остри и силни. Бела, црна, морнарско сина, црвена и вжарена розе боја одлчино одговараат на ваков тен. Се препорачува да се носат повеќе ладни бои, отколку пастелни нијанси. Избегнувајте ги портокаловата, беж и златната боја. Јас зимско дете,со темен тен и точно е ова со боите розовко и плаво баш ми прилегаат