Devojki dali moze nekoj drug mesto mene da odi vo drzavna za prodolzuvanje na konzilijarno boleduvanje?
Мешиња на боледување, ви се случило ли од Фондот да ви бараат отпусно писмо од болница, т.е. доказ дека сте биле хоспитализирани?? Мене ми го продолжија боледувањето до 07.08.2019г. и тогаш треба да приложам ново конзилијарно и отпусно писмо?? Свеки го сретнала тој претседателот на комисијата и и рекол: "Ааа па дека она со ивф само три месеци и следуваат, мора да си полеже во болница, значи има нешто штом не треба да оди на работа". Се изнервирав искрено. Какво лежење-какви глупости. На секој извештај од Ремедика и на конзилијарното прво пишува високоризична бременост, близначка бременост... Бла, бла... Дај кажете ако сте се соочиле со ваква ситуација?
Напишано е во боледувањето дека нареден пат треба да доставам ново конзилијарно и отпусно писмо од хоспитслизација. Прв пат слушам вакво нешто...
Мартке абе човеков некако како на пик да ме фати. Мм му се јави и му рече демек законско било тоа. Нека си подлежи три дена му рекол и ќе си имате црно на бело??? Мм е правник, симна закони, правилници за работата на комисијата. Никаде ама никаде такво нешто не најде. Затоа сакав да прашам дали некој друг се соочил со нешто вакво. Барем еден да каже, така нема да имам впечаток дека човеков "се лади" со нас.
Искрено цела бременост бев на боледување, исто ивф, ама никогаш не ми побарале такво нешто. Можеби зависи што ти има пишано во дијагнозата... Кај мене пишуваше дека имам ризик од крварење, хематом, ризик од предвремено породување, и преходен missed ab. За среќа не лежев во болница ниту еднаш, но и не ми ни побарале вакво нешто. Претпоставувам дека бројот на дијагноза што ти го пишале во конзилијарното бара хоспитализирање...најверојатно затоа... Прати ми ПП - јас не можам, па да ги најдам моите документи ќе ти ги сликам и ќе ти ги пратам баш да ги споредиме дијагнозите. Пошто сум со бебе нема да можам одма да ги најдам...но за ден два ќе можам
Имав отворено боледување од 19.07 го затворив со вчерашен датум, (21.07) а од денес се водам на одмор, дали вчерашниот ден ќе го должам,бидејќи не бев на работа или не?
Шефицата вика демек неделата ќе морам да го одработам, тогаш се затворило боледувањето тој ден го должам...
Многу паметна твојата шефица ако си го затворила боледувањето на 21.07 на работа треба да одиш на 22.07 без разлика дали е недела или некој друг ден.
Сакам да прашам има ли некој број за информации за пуштање на средства? Од фирмата плата поминале на 11 месецов, истиот ден ги носат документите во фондот, а средства сеуште немаат пуштено. Ка-та-стро-фа! Каква земја сме??
025103029 Ова е бројот јави си се и прашај ама исплата има две недели откако се поднесени документите. Барај да ти ги носат порано или сама носи си ги
Здраво женички... ме интересира дали доколку извадиш боледување во бременост од матичен (до 15ден) ќе се одрази на платата ????
Може ли некој да ми одговори, имам месец ипол стаж во фирмата, а бремена сум, дали можам да останам на боледување, многу повраќам, ќе ми биде ли исплатено??? Итно некој да ми каже