Тоа дали си за патолошка или не одредува гинеколог, глупости зборат, колку да те заплашат.Ти имаш право да користиш мерки од владата сега, и да не одиш на работа и да земеш цела плата. Ти спаѓаш во таа категорија. Но има безобразни кои твоиве претпоставени па трескаат глупости. Многу се нервирам од вакви ... https://vlada.mk/node/21729 Еве ти линк па читај... Барем да си ги знаеш правата. Што ќе направиш е твоја одлука. Ќе процениш од самата ситуација што е најдобро за тебе.
@Cici1991 и мене ме гледаа попреку кога не одев на работа а 10 години работам у фирмата, и збореа зад грб, но се поминува... Какви покварени и љубоморни луѓе има, да се чудиш и да не веруваш... И кога се вратив на работа не престанаа да зборат... Тоа е... Се навикнав, што сакаат нека зборат... Гајле ми е веќе
Mnogu glupavo od niv sto nemozat da mi ja prifatat nasata trudnicka situacija a I nasite prava zamisli mi zaviduvaat direktori menaceri , za muzena plata 14.25 iladi a nina od 30do 60 iladi ama toa e , koga nemas kvalitet nesi interesna nikomu . Ama gospod ima. bremena zena edvaj doma sedi povraka macnini, saka da spie omalaksana a pa kako ke raboti na rabota hhhh gluposti ova go ima samo kaj nas u stranstvo ke I'm e straf da rabotis samo da ne imas traumi od rabota I btere od sebe ke te cuvaat na vakva situacija
Ma koj znae sho imaat na um deneska donesoa druga zena ma moeto mesto pa uste mi rekoa pokazi I ja rabotava kako treba sho treba ijas taka postapiv. Koga si otide zenata I'm vlegov u kancelarija prasav sho e be sea ke bideme 3 cistacki posto poveke od 2 tamu ne e potrebno se smeel I mi rekol paa ke vidime zamisli bez nisto da mi kazaat ili da me predupreduvaat na nesto 3 licnost si donesoa . A I mozno e deka koleskata ma 15 zemala odmor pa tiee sakaat da ima nekoja sho ke mi pomogne pojma neam a da mi daadat otkaz straf I'm e zs nemaat nacin a I ke treba da mi pustaat plata 3 meseci ako mi davaat otkaz
За во странство не знам како е, но едно научив тука, штом си на работа никој не те штеди, те сметаат за иста како и другите, толку. Никој нема осет или разбирање сочувство... Затоа со документ од лекар ништо не ти можат, не одиш на работа и никој не те замара, замисли да мораш да лежиш, не дај боже, што ќе речат тогаш? А и не секоја бременост е иста, на една и се лоши, повраќа нонстоп, на друга ништо не и е, имав колешка ама буквално ко да не е трудна, ништо не и беше, и си работеше најнормално се, додека друга се тури од повраќање, и јас повраќав...затоа на тие што за време на бременост не им било лошо не разбираат како им е на тие што навистина им е лошо. Мој совет е консултација со матичен гинеколог,кажи му ја ситуацијата, верувам дека ќе те посоветува што да правиш...
Девојки здраво како оди постапката за боледување при ин витро?Кој треба да ми отвори и од кога ме следува,ве молам некој поупатен?позз
Здраво девојки, знае ли некој каква е процедура за комисиско боледување, матичната ми вика ке ми даде извештај и од таму на ГАК да ми потпишат, а на ГАК ми рекоа дека сега комисијата не потпишува заради мерките за КОВИД бидејки издавале потврди а мене таа потврда не ми ја признаваат на работа
Не ти ја признаваат зашто паѓаш под терет на фирмата, а со комисијата паѓаш под терет на фондот. На ГАК нека ти дадат извештај па матичната нека прати фо комисијата па нека видат дали одобруваат или не нив не треба да ги засега тоа
Фала, ке пробам да се снајдам некако, морам да останам на боледување не ми препорачуваат да почнам со работа
Кај мене во фирма (приватна) ти вика користи мерки од влада ама со 50% плата, расипани се до максимум. И затоа бркам патолошка
Од кога треба да се отвори породилно боледување зошто некаде 28 дена пред термин, при што ти се крати цел месец потоа и наместо на 9 го оставаш детето на 8 месеци, а некаде денот на породувањето го отвараат? Како е правилно?
Ако си на патолошка комисија отвара 45 дена пред термин. Ако си дома со меркиве треба со фирмата да видиш ако не орават проблем и се желни да те плаќаат тогаш можеш и дента кога ќе се породиш да отвориш...
Само што го прочитав ова и се јавив на работа ми рекоа дека ова било само предлог, а во текстот пишува предлог одлука, не ми е јасно што сакаат да кажат со текстов
Ne se oslobodeni site roditeli samo tie roditeli bea oslobodeni sto odat decata na gradinka ili na skolo onie roditeli kako mene sto se sto im gi cuvaat decata babite I dedovcite dodeka se na rab ne se oslobodeni inace mojta kerka e 21 mesec i ne ode na gradinka seuste a I nemam namera da ja pustam
Може ли некој што ја користи оваа мерка од владата да ми објасни како е процедурата. Јас сум 8ма недела бремена, лошење и гадење имам многу, не повраќам, цел ден сум со луѓе, стани седни, при крај на смена не можам да зборам дури од што ми е лошо најмногу поручек, а 7 и пол часа ми е смена. После цел ден само лежам и примирам од што пола ден сум на работа, цела сила ми се троше таму а лошењето од поручек кога ќе ми почне трае до вечерта, и дури преку ноќ се будам и само се преметкам. Стаж имам над година и пол, во приватна фирма работам.
Знам за родителите, но темата е за бремени жени, сите бремени се ослободени. Кај мене на работа е така. А и според досегашните мерки така беше. Како ќе биде од сега не знам.
Искрено сега не знам како е и како ќе биде...., ова кога го пишував се уште си важеа сите мерки. Дали некои се укинале сега не знам. Кај мене на работа беа ослободени сите бремени жени само со потврда од матичен гин. дека се бремени. Не беа на товар на фонд, туку фирмата им даваше цела плата. Еве некоја членка со понова информација нека пише како е сега... Со лесно, уживај во бременоста