Мене од работа ми рекоа дека со овие мерки од влада сум слободна до нова година. Мислам дека треба да си се распрашаш на работа затоа што секоја трудница треба да биде ослободена, си има надлежни, прашај си
Дечки, едно прашање: останав без работа 2 недели пред ивф. Дали можам да се пријавам сама и да си плаќам придонеси за да ми следува трудничко или мора некој друг со фирма да ме пријави? Фала
фирма мора да те пријави , да си поминуваш плата барем 6 месеци и да си пријавена за да можеш да земеш трудничко , ја имв другарка се договори со едно девојче во бутик , она сама работи и се сложи да си ги плаќа другаркава сите трошоци за здравствено пензиско и плус платата и така истера за да си земе трудничко
Девојки дали некоја од вас скоро вадела конзилијарно и каде? Државна нема уште заради ситуацијава со вирусов
Некои фирми не ги признаваат мерките, еве јас сум осигурана месец за месец, газдата ми вели слободно седи си дома но сама ќе си платиш придонеси и плата или ќе морам да те одјавам
Матичната не ми дава боледување вели не можеме сите под фонд да ги праќаме сега важат потврдите и доколку газдата не ти ја признава вели тужи го! Инаку сум 9+3 по ехо и сум со утрогестан терапија бидејќи веќе имав спонтан во 16гн
Прво и основно ние сме на договор нека не филозофира таа твојата матична многу,нека ти дава она пари ако е толку паметна.Ко да не знае колку е тешко да се остане без работа уште па и трудна. Нека ти даде она 15 дена после ќе си одиш на приватно и за 3000 ќе ти дадат. Да јас разбирам дека сме на товар на државата, ама нека ги казнуваат бе работодавците ако не сакаат така да се прави.Ццц.
Како тоа не ти дава боледување? Мене мојава ме моли да земам патолошка затоа што имам ризична бременост. Мора да ти даде две недели боледување. Еве и јас сум моментално на боледување. Кога ќе ми заврши ќе одам на второ мислење за да земам патолошка. Сега покрај ситуацијава не одел никој на комисија компјутерски било. Нека не се занесуваат многу.
дали може да го прекинат породилното ако се даде отказ или те одјави газдата за време траење на породилното отсуство?
Не мора на приватно, јас после боледувањето бев во ГАК и со еден потпис од специјалист од комисија ми одобрија, а ако ви треба конзилијарно можете слободно во чаир да одите таму даваат три потписи, не давајте пари на приватно
Јас имам проблем со мојата матична гинеколог. Нервите ми се при крај со неа. Од Чаир нели ми рекоа да ми отворат паталошка, ама прво да искористам две недели боледување од матичен гин. Вчера бев кај дотичната да ми го отворе боледувањето, не сака две недели да ми даде луѓе, само една недела, се штитела имало многу инспекции, морало некој извештај нешто од Чаир да ми дале за да ми отворела боледување. И викам мене ми рекоа сите и специјалистот од Чаир дека ти треба прво две недели да ми дадиш па после ќе ми отворат таму се што треба. Кога рече не и не, и сега од вчера ми е отворено боледувањето, замислете ми вика до петок да ми донесеш извештај од Чаир па дури и ми пише со која шифра да бил, пошто понеделник веќе било касно, 8ма ден ќе било. Јас не сакам да одам до петок во Чаир, далеку ми е и лошо ми е по пат да се мавам само, рачунав за две недели дека ќе одам, е сега да ве прашам дали може она во пон да го затвори нејзиното боледување, а јас од матичен општ доктор да си земам уште недела боледување па следната недела да одам за Чаир? Поискусните нека кажат што мислат пошто јас стварно немам нерви за со неа, незнам што е паметно да направам.
Леле значисе нервирам!Нека пише крварење во рана бременост,нека препише таму утрогестан,добростон и нека не замара. Што е бе со матичниве. Не верувам од обичен матичен дека ќе ти врши работа,пошто не може со бременост поврзано да ти пише,затоа имаме матични гинеколози. Срамота ова шо го праат. Па и да има контроли си прокрварела и толку да не треба да се крвари 15 дена за госпоЖата да даде боловање. Кажи и нека пише нека не се праи паметна. Многу ме нервираат вакви!
Не дава жено, значи ова матичниве наместо да не штитат тие на глава но се качуваат, мора се да е комплицирано, ништо од прва да не испадне како што треба. Што се домисле, домрмка, па чука со пенкало, и ај зема напиша боледување заради голем ризик од спонтан абортус... Сите зе чудат кога им кажувам, а инспекција да и викнам јас што секој е*ан преглед ми го наплаќа и не дават фискални?! Од тоа нели и е страв? Ај некој што е поупатен веќе што има паталошка боледување нека каже, дали да земам од општ матичен уште една недела боледување или морам да одам во Чаир за паталошка да отворат? Глава ме боле од мислење, вртам во Чаир никој не крева.
Мојата матична ми даде две недели боледување. Со тоа што пред да ми го отвори ме прати истиот ден во Чаир на уште еден преглед. На упатот пиша дека крварам од 7ма недела, дека примам утрогестан и дека имам болки,дека мора итно на преглед. Отидов во Чаир и ме прегледа докторот. Матичната ми кажа дека поради ситуацијата мора да има уште едно мислење од болница за да ми даде боледување од две недели. Може да биде тоа Чаир,Државна,Систина, Ремедика.. Ме прегледа и ми пиша дека крварам и мора да мирувам. И го пратив тоа на матичната преку Вибер и во истата минута боледување ми отвори. Утре одам повторно на преглед, за да видиме за патолошка да ми отворат. Нас како трудници две недели боледување имаат право да ни дадат, повеќе не. Не знам таа што глуми за инспекции дека ќе и дошле, дрн дрн јариња.. Види што ќе направиш.. И смени ја. Не е работа стресови да ни прават. Во овие ситуации треба до нас да застанат. Не грб да ни вртат.
Патолошка мене матична ми рече дека она ќе среди компјутерски, дека ќе испрати се што треба преку емаил. Нема веќе одење по комисии сега моментално поради ситуацијата. Мислан дека убаво ја разбрав Можам утре да ти кажам што сум направила..
Кај мене е проблем во матичната што не сака да даде боледување инаку јас и овде во мојот град можам да земам конзилијарно мислење од болницата
Здраво девојки. Како сте? Сакам да прашам за боледувањето.. Тие што се преку фзо дали за месец ноември ви е исплатено? И колку проценти кратат.одн плата?
Девојки кога ке се одлучува дали ке ја продолжат мерката за трудници после нова година и дали важи и за тие што се вработени во приватно здраство?