Прашувам бидејќи најдов на интернет ваква пресметка... А пред месец дена прапував на некоја од групи е и сите рекоа 30%..
Мене уште не ми е , ама до сега отприлика околу 20ти земам, ќе видиме месецов. Инаку 30% ми кратат од плата.
Јас документи во фондот поднесив пред 1ви, плата од фирмата до 5ти зимаме, ова ми е прв месец што сум преку фондот. Колку дена до исплата? Две недели ли плус од датата кога пуштат плата? За ноември мислам.
Така викаат отприлика, кај мене во фирма на 10ти се пушта плата, јас 2 пати од фонд земав до сега пари, еднаш на 19ти еднаш на 21ви, сега за Ноември се надевам утре, или па од понеделник....
Првпат користам боледување, па некои работи не ми се баш јасни. Од вчера сум на породилно ( не сум сеуште породена ), претходно бев месец ипол на боледување. Првиот месец ми исплати фирмата, околу 15 дена треба да ми исплати фондот. Дали за исплата од фондот за тие 15 дена треба сама да си однесам документи и кои, или сметководството ми ги праќа дирекно во фонд.
Сметководство треба да ги прати во фондот ама јави се во фирмата и прашај дали е пратено бидејќи сметководителите често не се замраат или прават грешки.. кај мене беше така па после три месеци средивме со фондот, сметководителот ми го фрлил боледувањето па вадење на ново документи..
Нема конзилијарно мислење сега, само на еден месец може да издаде мислење специјалист од државна. Секој месец си го продолжуваш боледувањето
Ја одев во државна со извештај од еден доктор и ми одобруваа по еден месец на комисија,не знаев за Чаир.
На комисиските боледувања имате потпис и печат ко по старо кога одевме да чекаме ред? на моето нема па ме прашуваат од фирма...
Нема пошто е од маил,ама ми дава лист еден матичната врз оемова на тој извештај,со потпис и печат од нејзе. Сега така е...
Девојки ајде да ве прашам.На боледување сум од 24 март,скоро 4 месеци ми се заведени се е во ред а пари сеуште нема.Ми кажа брачеда ми кај и да е треба да има исплата ама еве веќе недела пројде од тогаш.Каде можат да ми кажат.Скопје се јавив во фондот не ми кажаа не знаеле....Поздрав девојки
Здраво, ве молам за помош доколку некој е поупатен...имав отворено боледување од 01.09 до 15.09 од општ матичен лекар поради настинка. Од 16.09 до 01.10 отворено боледување од гинеколог со друга шифра дијагноза поради болки во бременост и истото е продолжено комисиски уште 30 дена до 02.11.Прашањето ми е кој треба да ми го надомести боледувањето. Од Фонд ме убедуваат дека фирмата треба да ми исплати 1 месец до 15.10. А потоа фондот за остатокот од деновите.Од фирма велат дека они веќе ми имаат исплатено 1 месец (но првото боледување е со друга шифра друга дијагноза ). Не знам каде да се обратам, го читам законот но нема објаснето кој исплаќа во случај на различни дојагнози, а од фонд ме убедуваат фирмата треба да исплати...
Фирмата плаќа до 28 дена после тоа си под терет на фзо, доколку немаш во фирмата 6 месеци направено од кога го имаш отворено боледувањето во случајов 16.09 тогаш до пораѓај и породилното ти го исплаќа фирмата.
Ако боловањето ти е без прекин тогаш од фирма треба да ти исплатат за првите 30 дена односно за 9 месец Се после тоа треба да ти исплатат од фонд а во врска со шифрите нема што да ти прават проблем бидејќи кај тие што се на патолошка постојано се менуваат шифрите
Ми пуштиле денес плата за пола месец, а пола октомври ќе плати фондот. Значи сепак од фондот се во право...фирмата покрива 30 дена но кај мене имаше едно боледување од матичен општ лекар ради настинка, а потоа сосем друго од гинеколог 2 недели па продолжено 1 месец...Благодарам на одговорот во секој случај
Дали некој знае како е правилно да се постапи кога отвараш боледување. Дали си должен додека трар боледувањето да однесеш потврда од лекар дека навистина си на боледување или едниставно ги известуваш и кога ќе го затвориш боледувањето им го носиш тој документ. Или се неписмени или сакаат да се изживуваат. Еве во мојот случај нема кој да отиде до амбуланта да ја извади таа потврда па да отиде да им ја однесе на нив и пак да се вратам дома да лежам да крварам и да се свивам од болки. Ги известив на официјалниот мејл (да имам доказ за секој случај) а се јавив и на работодавачот.