Да за патолошка е мислев за тоа прашуваш, извини. Епа тогаш треба да може да ти отвори ама нека ти кажат некои со искуство
Не ме разбра... Не зборам за породилно боловање, зборам за обично боловање од гинееколог што може да даде 2 недели само. Породилно си е посебно, патолошка си посебно. Секако дека може да се отвори породилно на денот ако фирмата дозволи.
прашањето на членката беше дали е вистина дека матична може да дава боледување само 45 дена пред пораѓај…а зошто не би можела да даде 30 дена пред пораѓај две недели па одмор да си искористи и кога ќе се породи породилно…тоа ми беше поентата
Зошто не даваат бидејќи породилното може да го отвори 45 пред пораѓај и затоа не смеат да даваат ти вика отвори од кај матичен јас не смеам. И јас патолошката ја прекинав порано и месец дена работев за да можам барем 15 дена пред пораѓај да отворам породилно наместо 45 дена.
Глупости, тоа ти се глупости…дека се е средено во државава па до труднициве им дојде да им прават проблеми
На боледување сум од 06.12 До 06.01 исплатата беше на товар на фирма, е сега ми се јавија од фирма и рекоа дека од 06.01 сум се водела на товар на фонд АМА сама требало да го пријавам истото во фондот. Кога ги пуштаат парите од фондот кога постојано продолжуваш боледување, кој период од месецот? (не е патолошка) . Редовно ли се пушта секој месец и колку % од платата е?
Девојки јас работам во образование но сум секретар и почнав да ги користам меркиве за од дома да работам ама тешко оди ,оти имам и др обврски одење во агенција и др институции директорот ми излегува во пресрет тој ги работи ама нема да може сигурно уште мн , а ми кажуваат дека не може да се вработи на замена никој оти немало како да ме плаќаат .Дали знаете нешто како да постапам кај да поднесувам барање за замена Фала ви .
Девојки ќе ве молам за одговор. Дали матичен општ лекар може да ти даде 2 недели боледување а потоа матичен гинеколог уште 2 недели? Зошто минатата бременост матичната општ лекар што ми беше ми рече дека можела само 1 недела.
Ај и тука да прашам ..не ми се јасни некои работи...денес отворив боледување од матичен гинеколог 15 дена а сум 32+0....додека ми заврши ќе бидам 34+0...дали комисијата ќе ми го продолжи боледувањето на уште една недела по препорака на доктор или ќе треба да го отворам породилното боледување? Доколку не ми одобри ќе користам боледување од матичната на ќерка ми и мојот општ матичен но сакам што подоцна да го отворам породилното.
Дали некој знае ако сум користела 15дена боледување од матичен гинеколог, после колку време може повторно да ми отвори боледување. Мојов ме убедува дека еден месец од денот на затворање не може да ми отвори боледување. Знам дека ако си под боледување од комисија во кое во препорака е контрола по истекот, а се прекине вака беше, ама и за обично боледување ли важи истото?
Фала. И уште ова ако случано знаеш, дијагнозата за ивф и после тоа за потврдена бременост дали е иста? Знам дека обично за вакви работи е информиран и коректен, ама ме збуни малку целата ситуација. Излегува ептен треба да внимаваш и калкулираш, да не останеш непокриен ако ти треба. Имав боледвање до тест и после тоа се осеќав добро. Е арно ама во меѓувреме ми се појави крварење па морав пак да мирувам и да земам боледување и стварно ми се искомплицира. Среќа матичната ми е разбрана па успеав од неа да земам две недели боледување иако ми е криво и нејзе што ја ставам во незгодно.
Девојки хелп Како иде постапката за прекинување на паталошка бременост и враќање на работа? Поради преќин на бременоста, во 5 месец, од следниот месец сакам да се вратам на работа.