1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Боледување во бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од ZojaP, 10 декември 2014.

  1. Алек***

    Алек*** Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2020
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    2.193
    Пол:
    Женски
    Fala ti milicka :handshake:
     
  2. jance

    jance Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    101
    Матичната гин. ми вели дека само недела може, за 2недели требало на специјалист или што ти знам, а општ матичен исто 1нед. но кај него е полесно за 2 иако ке треба со упут од нешто.
     
  3. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    1.400
    Пол:
    Женски
    Матичен гинеколог е специјалист и можи да дај до 15 дена боледување два пати имам користено.
     
    На fana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.001
    Допаѓања:
    40.306
    Пол:
    Женски
    Матичниот гинеколог е специјалист и може полесно да ти даде 2 недели од општиот матичен кој треба да правда подолго боледување. За повеќе од 15 ден од матичен гинеколог ти треба мислење од еден специјалист од болница (ГАК или приватниве) со кое добиваш уште 15, а за понатаму треба конзилијарно од 3 доктори.
     
  5. jance

    jance Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    101
    Леле, крш, она само 1недела можела, а полесно било од општ матичен, така ми имаше кажано..
    Еднаш сум користела, па ме интересираше за повторно како би било.
     
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.155
    Допаѓања:
    102.066
    Пол:
    Женски
    Мојот план е во декември пред породилно да го земам остатокот од стариот одмор, 10 дена планирам да оставам и дел да покријам со боледување, па да отворам породилно. Прашањето ми е дали ќе ми дозволат во 9ти месец да користам 2 недели обично боледување од матичен, дали општ дали гинеколог сеедно, да не отварам породилно многу рано? Некаде прочитав дека во 9ти не даваат обично боледување, па од таму прашањево.
     
  7. MikicaBt

    MikicaBt Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    1.400
    Пол:
    Женски
    Во 9ти месец мислам можиш само од општ матичен една недела...ко да имам слушнато дека и од стоматолог можиш да земиш боледување....а исто можиш прво боледување да користиш пред 9ти месец од гинеколог па потоа одморот.
     
    На Mihaela123456 и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  8. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.001
    Допаѓања:
    40.306
    Пол:
    Женски
    Матичен гинеколог не ноже да ти отвори боледување 45 дена пред термин. Општ матичен може до 15 дена, само убаво договори се со каква дијагноза и може ќе треба да те прати на некое дополнително испитување.
     
    На AngelOfArh му/ѝ се допаѓа ова.
  9. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Женски
    Начин/идеи како да побарам од претпоставен да работам од дома?
    Ова го правам за да не отварам боледување. На почеток на бременоста сум, константно повраќам и имам мачнини, и не можам со ова константно да се соочувам на работа пред колеги.
    Да напоменам, ИМА можност за работа од дома, канцелариска работа работам, и само претпоставениот знае за мојата состојба.
     
  10. The_Doctor

    The_Doctor Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Во 9ти месец никој нема да сака да ти отвори боледување, затоа што можеш да отвориш породилно. Ова ми нема баш логика, али матичните се заштитуваат од инспекции кои може фирмата да ги прати. Гинекологот 100 %нема да ти отвори а општиот ако некако се нафати максимум 1 недела.
     
    На Erika.greeneyes му/ѝ се допаѓа ова.
  11. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.155
    Допаѓања:
    102.066
    Пол:
    Женски
    Епа ќе отворам 1 недела тогаш и ќе земам одморот после, па ќе отворам породилно. Не е страшно.
     
  12. The_Doctor

    The_Doctor Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    И јас така планирав и на крај морав порано породилното да го отворам, и ми дозволија од работа само 10 дена одморот да го користам пред породилното. А рачунај од 33та на строго мирување бев... касно беше за гинеколог веќе да ми отвори боледување 2 недели.
    Доколку имаш опција, користи се, не се форсирај до крај на работа , пренапорно е тоа...
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.155
    Допаѓања:
    102.066
    Пол:
    Женски
    Па со оглед на тоа што работам турбо цело време и пред да останам бремена и сега, сум заслужила да добијам нешто на крај. И на работа не ми прават проблем, ме пуштаат и порано да си одам.
     
    На The_Doctor му/ѝ се допаѓа ова.
  14. The_Doctor

    The_Doctor Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    776
    Пол:
    Женски
    Супер тогаш...
    Сум работела и повеќе од што требало. И во Ковид време кога трудници беа ослободени од работа, а јас баш со такви случаи работев, али за медицински лица не следело ослободување од работа . И таква глупост слушнав иако не ни помислив да прашувам за ослободување од работа.
    Така да секој си гледа за себе... Верував и кај мене ке нема проблем али на крај ете...
     
  15. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.001
    Допаѓања:
    40.306
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае, дали од комисија прифаќаат мислење од Трајковски од ЊуБорн за продолжување на боледување по оние 15 дена од матичен или мора ГАК/Систина/Ремедика.

    И уште нешто, сестрата од кај матичниот ми спомна дека периодов каснеле со одговори од комисијата за боледувањата. Дали некој имал проблем да не му одобрат?
     
  16. vikicka88

    vikicka88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2015
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Женски
    Минатите два пати одма другиот ден ми одобрија, а сега поднесено во четвртокот а одобрено денес. До сега не сум чекала, а и немало некој проблем секој пат ми продолжувале според извештаите од Гак
     
  17. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.001
    Допаѓања:
    40.306
    Пол:
    Женски
    Ок ќе бркам сепак од ГАК извештај. А за ова за каснењето сестрата ми кажа сега дека каснеле ради одмори. Мислам мене не ми менува кога сакаат нека одговорат, ама да знам сигурко дека нема проблем.
     
  18. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    582
    Пол:
    Женски
    Дали може матичниот гинеколог да ми даде боледување од една недела? Или треба да си одам кај општиот лекар за да побарам?
    Го барам поради премногу повраќање, едвај одам на работа, ќе се срушам во секој момент. Ми треба мирување, а сум под постојан стрес, и не сакаат да ми излезат во пресрет да работам од дома.
     
  19. Lavica2602

    Lavica2602 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2017
    Пораки:
    1.873
    Допаѓања:
    3.213
    Пол:
    Женски
    Maticniot ginekolog moze da ti dade 15 dena boleduvanje, maticniot opst moze 7 dena boleduvanje. So lesno
     
    На najjacha му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.001
    Допаѓања:
    40.306
    Пол:
    Женски
    Дали на некој деновиве му било одобрено боледување од комисија со електеонски поднесени документи или почнаа да работата со комисија дирекно таму да се оди?
    И дали некој има телефон за да исконтактирам како работат?