Колку кратат за една недела боледување во рана бременост? Знае ли некој? Гинекологот ми го извади боледувањето. Дијагноза - Заканувачки абортус Некако многу мала плата ми пуштиле
Zdravo zeni, ke ve zamolam da mi kazete za iskustvo za bremenost posle invitro kolku sleduva boleduvanje kolku davaat, mi istekuvaat 2 nedeli sto sleduvaat sekako posle ivf i ke.odam.na komisija, i posle toa?
Со позитивен тест уште 15 дена даваат, е после тоа ако има недај боже проблем со извештај од специјалист се продолжува боледувањето, најчесто еден месец со тој извештај, е тек после тоа ако треба да останеш дома иде со конзулијарно и извештај. Поздрав
Devojki sakav da ve prasam imam zemeno od maticniot ginekolog boleduvanje 2 nedeli, ako odam na specijalist kolku moze da mi go prodolzi boleduvanjeto?
Специјалист ти дава само мислење за боледување. Со тоа мислење и предлог за боледување од матичниот одиш на комисија. Они таму профолжуваат 15-30дена врз основа на тоа (како одлучуваат колку дена незнам, јас очекував 15, ми имаа пишано 30). После тоа треба конзилијарно.
Мислење од 3 доктори(од ГАК или некоја од приватниве). Они може и 60 дена да пишат, ама мислам на комисија продолжуваат до 30 дена.
Здраво на сите ако може информација боледување поради крварење со терапија дадена од матичен, дали дава матичен или треба на клиника да идам?
Да така и мислев вчера бев на преглед со крварење и која сама ми даде утрогестан од 200 сабалје орално навечер вагинално, денес и се јавив и реков дека сабалје ми е по обилно крварењето и дека работам 8ч на нозе дека сметам дека е ризик во таква состојба да идам на работа и ми треба боледување да не се изложувам свесно на ризик одбива да ми даде боледување со одговор дека не смее да дава боледување без извештај од клиника и мислење да сум одела на клиника или во Чаир па да ми отворела.
Toa ti e dijagnoza 020 ti ja pisuva maticniot prvite 15 dena se od nego,posle toa odis na prodolzuvanje komisiski so izvestaj od specijalist .
Неможе да несмее да ти отвори. Изводи нешто докторкава. Мораш во оваа состојба да мируваш!!! Али како и да е, чисто за тебе можеш да си отидеш на преглед на клиника или во Чаир.
Една недела може да ти даде мислам ама втората мора да ја покрие со извештај од специјалист затоа ти бара да одиш на клиника или Чаир. Земи си упат и оди, ќе си завршиш работа.
@Iris-1234 он е специјалист и 15 дена без проблем може да и даде особено што има индикација. Мислење од клиника треба за продолжување - 1 доктор првите 30 дена по овие 15, за понатаму конзилијарно од 3, ама се ова за на комисија.
@Ano а за општите матични исто може да дадат 15 дена без проблем? Бидејќи мојата општа матична ми давала 7 дена боледување и за следните 7 дена ми барала мислење од специјалист, а самата таа е специјалист по семејна медицина...
Тоа зависи од дијагнозата има дијагноза што може да се даде само 7 дена боледување а има што може 15 дена
И побарав барем до следниот преглед кој што ми го закажа во понеделник точно 7 дена, дур ја примам терапијата бидејќи живеам сама вереникот работи во Германија, крварам повеќе само кога стојам... бледо розево е ама во пообилна количина, кога лежам и идам до тоалет таман мислам нема повеќе да земам за јадење и сл ете повторно. Буквално ме одбива со одговор дека немала дозвола да отвори боледување.