Прво прашав општ матичен бидејќи не знаев кој треба не сум била во ваква ситуација ми рече дека е гинеколошки проблем и мора матичен гинеколог затоа и ја прашав.. ако не ќе идам на клиника утре очигледно не ми преостанува нешто друго а потоа ќе идам кај матичната.. ама по картонот очигледно. Неодговорна до максимум, со ова ја покажуваат професионалноста кон нивните пациенти...
Срамота. Смени си гинеколог дур е време. Гинекологот е исто така специјалист и смее да дава до 15 дена. По 15 дена е комисиски. И матичниот општ лекар смее да дава но до 7 дена. Иако е ова гинеколошки проблем сепак јас кско општ лекар би отворила боледување со друга дијагноза за да добиеш барем 7 дена а во меѓувреме да си средиш со гинеколозите. Значи побарај барем општиот лекар да ти отвори 7 дена, кога веќе гинекологов не знае да си ја работи работата како што треба. Даваат на кој стигнат боледување, а при крварење вака да мафтаат трудница, Срамота!!!!
Денес спремна станав за да идам сепак на ГАК, но кога станав веќе имав обилно крварење па речиси како да имам менструација, отидов ме прегледаа и самите ми рекоа дека можела да ми даде боледување одма во таква ситуација вика па ти можеш по пат да го испуштиш натака навака.. Плодот беше таму, но кога прашав дали има срцева ми рекоа дека не можат јасно да видат и во стилот види колку е старо едвај работи за ехото...така пишува и во извештајот ми пиша боледување како заканувачки абортус, и пишав на матичната и ми врати аха, супер помини да го отвориме ... Супер!? Останав без коментар.. ужас!!
Лелеее бе леле се нервирам кај што те читам Како може да те шета вака, па и општиот матичен реално можеше да ти даде 7 дена иако се работи за гинеколошки проблем. Инаку да, на ГАК во амбулантата за итни случаеви ехото е старо, во амб 37 и 28 е далеку подобро. Пушти некој друг да го однесе извештајот кај матичната а ти оди дома да лежиш и да се одмараш, ти пуштам среќа сè да биде во најдобар ред
Веќе ти одговориле, мнофу е битна дикајагнозата под која ќе ти отвори. Мене со молење ми даде во Јуни 15 дена, без мислење од специјалист, ама ми напомна дека може да има проблем она затоа што иницијално ми беше отворено со дијагноза настника/вироза нешто такво, а и кс ми беше стакло. @Bluemoon1111 и мој предлог ти е одма да смениш штом за ваква битна работа ти направила проблем. Со лесно сега и мирувај.
Значи дур отидов кај неа да и го однесам извештајот за да ми го отвори боледувањето бидејќи морало лично не прифати преку вибер, а сама живеам сите од моите не се во МК, јас тотално искрварев... како што одам осеќам кога стигнав чекав 30мин скоро... За да ми каже Ааа се лизнала бременоста, нема ништо. Очите со солзи ми се наполнија а некако бев свесна дека ќе дојде до тоа. И на тоа уште сакаш да ти го продолжам боледувањето!?
Ненормална една, како не и е срам таква рамнодушна да биде. Многу ми е жал за тоа што го поминуваш, не знам која недела си ама подобро оди на приватен да видат (ако е испуштен плодот) дали е се како што треба, може ќе треба капки да примаш. Стварно ми е жал. Со лесно. Да се опоравиш и физички, но и психички, тоа е многу битно
Тоа да ми се случеше на мене мојот сопруг на лице место ќе ја задавеше докторката и таа е за пријава и да и се одземи лиценца ненормална една многу ми е жал низ што си поминала.
Многу ми е жал, дефинитивно е грешка на лекарот што од сам старт не си мирувала и немој ти воопшто да се обвинуваш. Може до тоа ќе дошло и покрај целото мирување но... Биди силна и дај си време
Емоционално сум скршена ,меѓутоа си давам време... Ви благодарам на сите за подршката! Еден топол збор некогаш премногу значи да се слушне!
Знае ли некој до колку часот може да се достават документи за комисиско продолжување на боледување? И дали има одговор истиот ден?
До 18, ама работата во смени според буква. Треба да одиш во соодветната смена за твојата буква дента. Инаку боледувањето го даваат одма.
Која буква која смена е се гледа на лице место евентуално на телефон да се јавам. Да не има некој распоред за оваа недела?