Треба да ти издаде специјалист уште 2 недели па после тоа ќе ти треба конзилијарно мислење. Првите 28 дена од боледување се терет на фирма понатака се на терет на државата доколку имаш 6 месеци во фирмата, ако немаш 6 месеци а имаш отворено боледување и си на патолошка тогаш до крај те исплаќа фирмата
Дали мора да имаш непрекинат стаж во една фирма од 6 месеци или може во две фирми без прекин на стаж, за да исплатата биде преко Фонд. Пр ако имам над 6 месеци стаж без прекин од две фирми, кој го исплаќа патолошките боледување, фирма или фонд.
Може и во две фирми ама да немаш прекин ни еден ден и првиот месец си под форма, после под фонд. Ова ако имаш над 6 м.
Да прашам и тука Од 1 октомври сакам да земам боледување да не одам во 8 на работа стварно тешко ми е. Ако земам 2 недели од матичен и 2 недели од гинеколог колку ќе ми скратат на плата 10 или 30% Пошто цел месец ќе ми се фати на боледување
Може, на блиска личност од фамилија и направија така и не ја известија, и пропадна и породилното за три дена немаше 6 месеци, ги тужеше не доби. Е сега зошто таа немаше 6 месеци мислам дека била на товар на фирма константно, не на фонд ако не се лажам.
Они можат да те одјават, но после тоа можеш да тужиш доколку во последната година пуштиле оглас за работа или после тебе бараат работник на било каква позиција тогаш ем ќе треба пак да те пријават ем да го платат периодот за тоа што си била без работа зошто тоа е кршење на правото и е дискриминација. Точно е ако нема 6 месеци а отвори боледување се паѓа на товар на фирма дури и трудничко.
Девојки ако може некоја да ми каже од матичен гинеколог колку дена следуваат за боледување за време на бременост, и ако го затворам пример денес кога може пак да отворам?
Здраво, би сакала да ве прашам која е постапката доколку има потреба од следно боледување. Поради скратен цервикс (27мм во 28 недела) препорачано ми е мирување и имам боледување од матичен 2 недели. Доколку на следниот преглед се утврди дека пак ми е потребно мирување која е постапката за продолжување на боледувањето? Дали пак матичниот може уште уште две недели да продолжи?
Одењето на комисија значи нови 15 дена боледување или директно патолошка се отвара? (и после колку време пак се оди) Исто ако се две последователни боледувања од по 15 дена (од матичен, па од комисија) колку се крати од плата?
Првата комисија се 15дена, и наредното веќе е патолошка од месец на месец. Од матичен кога имаш боледување, тие 15 дена си на товар на фирмата, а од комисијата под фонд.