Комисија секоја среда, освен на 10 ти, бидејќи е неработен ден , ќе биде на 9 ти вторник. Прегледуваат кратко. Прашање е што работиш, дали примаш некоја терапија и тоа е тоа. Барем кај мене беше така.
Дали после завршена работа во букутешт треба да се вратам кај матичната за нешто? Ми дадоа 30 дена само не знам дали треба кај матичната да се вратам да и ги дадам документите? На патолошка сум
Devojcinja dali ima ogranicuvanje kolku vreme treba da pomine posle edno boleduvanje za da zemes drugo?
Дали некој има број од комисијата во Букурешт каде би можела да прашам прашање во врска со боледувањето (на тој што е за смени не знаат да ми одговорат)? Боледувањето ми е продолжено два пати (прв пат отворено од општ матичен, после тоа од матичен гинеколог). На оценката од комисијата пишува Контрола на 12.04, а не пишува конзилиарно. Малце се збунети од кај матичниот гинеколог и не знаат дали треба контрола или конзилиарно. Општиот матичен вели контрола само кај специјалист. Јас се водам со две дијагнози едната од кардио хирург другата од гинеколог, на оценката од Букурешт е спомнат само кардио хирургот а не и гинекологот. Матичниот гинеколог предлага да однесам конзилиарно од гинеколози (ова на приватно ќе се прави, бидејќи немам време веќе за државна, јас мислев треба само контрола кај специјалист). Некој да не имал слично искуство да сподели не ми се даваат пари за конзилиарно ако не треба.
Ако не пишува, не треба. Два пати ти е продолжено во Букурешт или еднаш? Отворено кај матичен, па еднаш после продолжено во Букурешт? Ако е така, само контрола бараат, конзилиарно по 2м од прво отварање боледување. Јас отворив кај матичната, па прв пат продолжив и пишуваше за наредно само контрола. Однесов наредно и конзилиарно и не го земаа, не го прифатија. Ми продолжија со мислењето од специјалист само, па на наредното пишаа контрола и конзилиарно. Вчера ми беше трето продолжување преку Букурешт и бев со конзилиарно.
Кај матичен гинеколог ако отвориш пример на 15 март и за одредено време го затвориш... потоа неможеш да отвориш ново боледување до 15 април (односно 1 месец од првото отварање). Можеш да земеш боледување ама од општ матичен, заболекар итн.
Фала на одговорот. Два пати ми е продолжено од Букурешт. Првиот пат боледувањето е отворено од општ матичен две недели, во Букурешт е продолжено за уште две недели - значи вкупно 1 месеци. Ова завршува на 24ти фебруари. После е отворено ново боледување од матичен гинеколог од 26ти истиот месец бидејќи 25ти беше недела, исто две недели, па во Букурешт ми го продолжија за 1 месец и на документот од Букурешт пишува 'со контрола'.
Ахааа... е мене цело време ми го продолжуваат само од Букурешт, немам паузи меѓу и не ми отварала матичната пак. Од 5ти февруари до 19ти од кај матичната и од 20ти февруари навака се преку Букурешт продолжуваме. Матична први две недели + 3 пати Букурешт ми продолжува. Како ти пишува на последното од Букурешт, така води се. Ако треба Конзилијарно, назначуваат вака Спојлер: Пример На претходните пишуваше само СО КОНТРОЛА.
Сега уште еднаш од специјалист, а кога ќе ти пишува контрола со конзилиарно, тогаш ќе идеш на комисија прво , па ќе носиш во Букурешт. Ова треба од кај матичен сестрата да те води по постапкиве.
A so koja dijagnoza te vodea? Od kaj opst maticen i od kaj ginekolog istata digajnoza bese? Ako da koja? I dali vo bukurest te pregleduvaat?
Od opsht maticen dijagnozata e: Venska embolija Od maticen ginekolog dijagnozata za otvoreno boleduvanje i vo predlogot za prodolzuvanje na boleduvanjeto: Visoko Rizicna Bremenost i Venska Embolija Vo odgovorot od Bukuresht kade shto se prodolzuva boleduvanjeto i vikaat kontrola ovoj mesec e staveno samo: Venska Embolija. Ne me pregleduvaa vo Bukurest, soprugot beshe so dokumentite. Denes planira da odi pak da prasha tamu direkno shto treba sledno bidejki na telefon ne gi dobiv. I da treba konziliarno ne znam dali treba na ginekologija ili vaskularna
Здраво женички , како ги продолжуваат боледувањата? Првото ми го отвори матичниот гинеколог, потоа 1 м ми продолжи комисија, потоа на 1 м продолжуваат или ? Фзом исплаќа за овој месец што ми е продолжено или фирмата и колку исплаќаат? Фала ви однапред
Првиот месец од кога ти е прв пат отворено од кај матичната ти го плаќаат од работа, потоа одиш под фонд. Значи првите дена од матичната и уште пола од тоа што продолжиле (вкупно 30 дена) мора да те исплатат од работа. 90% е исплатен првиот месец. Под фонд после 70% зимаш. Зависи кај кој како, мене на 1м ми продолжуваат. Првото продолжување 24, 25 дена ми продолжија, второто некаде 3 недели продолжија, а третото со конзилијарно еден месец точно.