Со ИВФ сум во систина правено, ми даваа комисијата во Букурешт по две недели боледување сега еден месец и наредно бараат конзилијарно мислење. Дијагноза пишува Z31.2. Прашањето ми е што понатака, кој го дава тоа на ГАК ли во Систина ли?Што документи ми треба со време да соберам.Прв пат сум со боледување во животот.
Ако одиш на контрола кај докторот во Систина ќе му кажеш дека ти треба конзелијарно мислење 2 -3дена пред комисија да одиш.Ако ти тррба и извештај исто од кај истиот доктор па кај матичната за предлог и со тие документи одиш комисија.
Девојки дали некоја од вас има искуство со заклучено боледување и поднела приговор во фонд? Што треба да стои во приговор?
Мене ми го одбиваа неколку пати зошто сметководителката ми направи хаос. На приговорот наведов за која бр одлука приговарам и која е промената за да ја разгледаат. Конкретно кај мене прикачував корекции за плати за месеците кои беа спорни според фзо. На шалтер доле десно кога ќе влезеш прашај и види која е причината за одбиеното боледување, ако не можеш да еазбереш од одлуката пошто ги пишуваат на долго и широко на 3-4 страни Генерално јас се изнамачив зошто се крајно неажурни ако еднаш те идбијат моето отиде на преглед на второстепена во министерство за здравство
Девојки Ве молам за совет. До 25 декември се водев на патолошка после тоа отворив 45 дена пред термин породилно.Знам дека ќе немам исплата додека не се породам меѓутоа не ми е јасно зошто немам исплата за периодот од 25 ноември до 25 декември додека сеуште се водев на патолошка. Благодарам
Девојки, дали при поднесување извештај за комисија за боледување комисијата го прифаќа извештајот од приватна болница? Сесрата кај матичниот сакаше да ми закаже некаде на државно, ама и реков дека одам на приватно, и ми рече па добро. Иначе на сесрата не и фаќам многу здраво за готово.... Малце повеќе е конфузна... Дали да закажувам и на државно или нема потреба? Иначе сум со ИВФ
Да можеш со извештај од приватна болница да не биде постар од 15 дена.Јас на комисија одам со извештај од Систина таму ја водам бременоста.
Мајки ај овде побрзо ќе ми одговорите, една моја другарка треба боледување дс отвори на работи ама таа сите контроли ги води Плодност од кога е бремена. Пошла плодност зела документ па да го однеси на работа( државна). Дали можи од приватна болница да се отвори боледување????
Мора матичен гинеколог. И јас се' водев во Систина, ама за породилно и за мене и после и да се префрли на маж ми, само преку матичен можеше. П.С. Мајка му се оперираше во Систина, и за боледување докторот пишуваше на извештајот што, како, колку. Ама после она мораше кај матилен лекар да оди со извештајот и матичниот и отвараше боледување.
Devojki, dali boleduvanjeto vlijae na visinata na isplata za vreme na porodilno ili toa e fiksno(100%)osnovicata shto sum ja zemala posledni 6 meseci?
Zavisi od firmata vo mojata firma mnogu eden mesec za koristam bileduvanje mi se krati okolu 12 -13 iljadi