Пратете маил на info@fzo.org.mk,пишете име и презиме и матичен број и ќе ви одговорат што е проблем со исплата.
Девојки ве молам за совет.Претходно имав кажувано дека работата ми е многу физичка и стресна.Физички колку толку имам помош од колегите но за тоа колку е стресна не можат да ми помогнат.Јас како бремена пробувам да ги завршам сите работни активности но немам 100 раце и 100 нозе за да успеам се да завршам(и покрај тоа што сме кусок на персонал) и никој нема разбирање за тоа.Секогаш се фаќаат за некој банални работи што мене навистина ми предизвикуваат стресови и страшни нервози.Имам колеги кои земаат боледување за секаква ситница па зошто да не можам и јас? Кажете ми врз која основа би можела да добијам боледување и покрај тоа што имам уредна бременост? Дали би се земало во предвид ризикот од покачен крвен притисок(како што ми кажа докторката"имаш висок ризик за покачен к.притисок"бидејќи во претходната бременост бев со терапија и сега постојано го следам,некогаш е нормален некогаш е на горна граница) Ве молам за совет.Сакам да одморам малку и да се тргнам од сите нервози и стресови
Не знам која недела си...ама матичниот може до 15 дена (се сметаат и викендите) да ти пише дијагноза ризик од спонтан абортус или ризик од предвремено породување.
И јас се чудам најсреќна за тоа.На здрави им даваат боледување а на бремените не.Без разлика на се бремените жени се чувствителни на све и треба да се на боледување затоа што сите непредвидени ситуации доаѓаат одстрес кои ги имаме СИТЕ на работа.Нестресна работа во Мк непостои, а и да постои шефовите одма ќе ти направат да ти биде неподностливо од завист.Народ заникаде само сеир гледа.Се радува на спонтани,на предвремено породување и други непријатности.Страшно Господ нека не чува
конечко ги добив, после 200 ѕвонења - документите ми ги однеле пред една недела и ставена сум во процедура за исплата следна недела.
Ете и јас се чудам.Абе што се вика кивнал прднал со извинење ете ги одма на боледување.Најмногу боде очи што ќе земат исто плата со тие што се откостиле од работа...ама нејсе тоа е...На наредна контрола кај матичен ќе го прашам дали може да ми даде боледување. Навистина не можам да издржам
Стресот е поопасен дури и од физичка работа..може матичниот да даде за ризик од спонтан абортус..и до 15 дена не се ни замара некој да оди да проверува..потоа еден ден прекин можеш да направиш, да се вратиш еден ден на работа, па пак може уште 15 дена од матичниот. Ич не,си се замарај..земи си слободно
Чув за инвитро следело 3 месеци боловање?? има некоја овде со инвитро да ми потврди дали е стварно така?
Ако си имала претходно спонтани можеш многу лесно да се водиш под шифра ризична бременост. Никој нема да те одбие. И не само 3 месеци туку и 9 ако сакаш.
Да знам тоа,ама ова е само сигурно ако имаш позитивен тест за бременост.Незнаев а имам братучедка која сега остана трудна со ивф па баш ќе и кажам.Тнх