Многу каснат овие од фзомЗначи ништо не функционира.Ајде да закасни една недела,ама цел месец.Катастрофа
Аха, добро, јас мислев до оваа мојава од работа да не е нешто застојов. Затоа и ве прашав, значи до фондот е, ајде ќе пуштат ваљда деновиве
Па најпрво еден документ ми даде матичниот гинеколог па со тој документ отидов во болница за да соберам три потписи од доктори значи конзилијарно мислење па со тие потписи отидов во фзо и ми закажаја термин за комисија по неколку дена на закажаниот термин кога отидов ме прашаја која недела сум бремена и зошто го отворам боледувањето јас си ја кажав состојбата дека премногу повраќам и не сум способна да работам периодов и тие одлучија и ли дадоа 60 дена
Јас се јавив вчера во фонд,ми рекоа дека предност има секогаш исплатата на породилното,па после другите боледувања. И на мене ми рекоа дека најверојатно наредна недела до петок,ќе има исплата,ама пак за секој случај да се јавам наредна среда. Поздрав до сите
Женски едно прашање. Конзилијарното мислење од ремедика за продолжување на боледувањето ми е до 18.03, а мене од комисија ми даваат само до 18.02 боледување. Сте имале ли ваков случај,од комисија,да го побијат конзилијарното мислење?
Обично го даваат месец за месец така одобруваат.После со уште еден извештај и ќе ти одобрат за нареден месец.
Да, досега така ми беше, месец за месец,ама со мислење од специјалист, сега прв пат поднесувам со конзилијарно,во кое е наведено до кога да биде боледувањето,и они ми продолжуваат само месец. За тоа се зачудив,си викам ќе си бидам раат до март,дури сакав и приговор да им поднесам.
Неколку феминки исто имаа извештај за повеќе од еден месец ама им одобрија за еден без разлика на конзилијарното мислење.Јас сум на почеток и мене ми го даваат месец за месец.Којзнае што е работата,или така им е кажано,секој месец нов извештај.
Еве јас го глобев тоа прашање прошлиот месец пошто нели ми го земаа конзилијарното и ја бев у паника нема да ми продолжат а ми важеше од 18.12 до 18.02. Бев денеска за продолжување и го однесов само лекарскиот извештај пошто така и стоеше со КОНТРОЛА.Е тамо го побараа кај ми е конзилијарното,им реков кај вас и они го побараа и ми рекоа тоа не сме требале да им го даваме тоа си е за нас само на увид да го носиме.Да си знаете за понатаму
Не се нормални жими се. На двеста места човек оди за боледување . Фала ти да си знам за нареден месец,и да си го побарам конзилијарното.