Мамички, обично за колку време е исплатата од фзо, за боледување за нега на дете до три години? Ви благодарам.
јас минативе месеци во три наврати имав земено боледување за нега на дете до три години и сите три пати си зедов цел износ плата најнормално
Матичен доктор може да ти даде максимум 15 дена боледување, кога детето има потежок наод - бронхитис. Матичниот доктор доколку е потребно те испраќа на специјалист - комисија (не знам точно) кој може да ти го продолжи боледувањето за најмалце уште 15 дена или две недели не се сеќавам точно. Доколку боледувањето ти е до 15 дена ти исплаќаат 70-80% од платата, ако си на боледување месец дена и повеќе се исплаќа 100%.
земав 7 дена боледување, односно 5 работни дена, за нега на дете до 3 години, и земав 70% плата. имав скратено 5 дневници од редовната плата за 100% и потоа фондот ми исплати за тие 5 дневници по 70%. како 100 % зема ти bubale
За нега на дете до 3 год од.прв ден.исплаќа Фзо. Значи за да ви исплати Фзо фирмата мора тие денови да ви ги скрати. Проблемот е што фирмата мора да ви скрати цела дневница, или 100%, а Фзо исплаќа 70%, а не 100%. Цела сума, или 100% се зема само за породилното боледување, за патолошка и нега на дете одамна веќе ФЗО не плаќа 100%.
Знае ли некој ако имам предлог детето да не оди во градинка до 3 год дали со дијагнозата која не дозволува да оди може да зимам комисиско секој месец до 3 год или снаџи се со баби е муабетот?
Земав една недела боледување за детето ,па сакав да прашам која е процедурата за фондот да ми ги врати парите што ќе ми бидат скратени од плата ,треба негде да поднесам документи или како оди ?
Документите ги однесоа од кај мене на работа во фонд, ама мене ми скратија 20% од плата, иако ќерка ми немаше уште 3год.
ке ти ги скратат сите денови што ти ги пишува на боледувањето. мора така бидејќи за нега на дете до 3г плаќа фзо од прв ден. на работа го носиш боледувањето и копија од извод од детето, они после поднесуаат. само да знаеш дека фзо исплаќа70% за боледувањето а не 100% како што мислат повеќето.
Мене 80 ме исплаќаа. не беше малигно. сигурно нема да лажам. За патолошка 70% . Може има разлика тоа што лежевме во болница ама со сигурност 80 ми исплаќаа