Горе-доле како за породилно. Ќе чекаат да мине платата за месецот и ако е се во ред по 2 недели. Види дали од фирма однеле документи. јас секогаш сама си носам. Најсигурно ми е.
Еве на пример денес го затворив за септември и отворив ново за октомври. Еден примерок носам на работа, а еден во фзо заедно со комисиското. Ако ја пуштат платата од работа до кај 5ти, тогаш исплатата од фондот кај мене ќе биди околу 20ти истиов месец
koj koristese posledno boleduvanje za nega na dete do 3 godini ? Za kolku vreme ispaka fondot ? dali docnat so plakanje ?
Да знам дека е 70% сега по ново...тоа ми беше битно да не е преку фирма, пошто како тргнало со градинкава до пролет ќе сме си на боловање
Денеска имав прилив од фонд за боледувањето - 2 дена од Јули. И уште не ми е јасно, Јуни имав еден ден (земав фул дневница). А сега овие два дена од Јули ми се помалку (ама не 30% помалку). Од Јули имав зголемување на плата, а од фондот ми се како две дневници од Јуни Ме интересира дали некој друг земал боледување скоро и да ни ги отгатне дилемите дали е 70 или 100% исплатата..
70% од просекот 12 месеци наназад пред да биде на терет на фзо. Истиот го предмерува фирмата и го пријавува кога се прави платата.
Мајки,јас до 01.11 треба да кренам на работа.Но имам една ситуација да неможам да кренам,нема кој бебче да чува,е сега прашањето ми е дали од матичниот педијатар можам да извадам боледување некако без разлика што бебе не е болно? И колку време може да се отвори,кој го исплаќа? Не сум баш упатена па ако знае некоја да ми објасни. Фала ви.
Можеш преку матичен со назнака за анемија за подолго да седиш дома, товар на фзо е ако е за нега на дете до 3 години. Евентуално ако е предвремено родено па од Козле да извадиш документ некој дека мораш да го чуваш ти ради "болест" некоја ради оа што било предвремено родено па на основ на тоа да ти издадат боледување за подолг рок. Дали ако немаш 6 месеци стаж во фирма можеш да отвориш боловање за нега на дете?
Едно прашање Маж ми имаше земено боледување за нега на дете до три години околу 14 дена, од кои 10 дена во септември и 4 во октомври, извештајот го однесе на работа. Дали му следува поврат од ФЗО и кој треба да ги однесе документите таму и што документи требаат? Кај него на работа ништо не му спомнале. Ви благодарам. @drugarka @referentka ?
Кога ќе ја прават плата, ќе си назначат часови на терет на фзо. Треба да има боледување, образец - од работа ќе го испринтаат, копија од трансакциска (веројатно имаат но нека достави) и од работа да ги поднесат (на мејл сега оди) па после од фзо ќе му ги префрли. Нека праша прво на работа дали завршиле, после во фондот. (За платата за октомври е рано).