Колку може матичен да ми даде за сипаници за дете? 7 или 14 дена? Знам една недела мах обично е, ама дека сипаници да не може повеќе да ми даде?
Како ги добивате во букурешт докторите од првостепена комисија за боледување? Како им се смените, од колку до колку?
Од сабајле вртам нема никој. Кога поднесуваш одма ти враќаат одговор или пак се враќаш кај нив? До колку е прва смена а до колку втора. Баш матичната ми рече дека се по презимиња.
Маж ми чекаше и му дадоа одма. Еве каков бил распоредот минатата недела. Прва буква од презиме гледаш. Оваа недела веројатно контра. Прва до 1 мислам. Втора до 6
Искрено не сум сигурна. Мм одел кога сум имала потреба. Мислам од страната на партизанска влезот што гледа
Колку време пред да заврши боледувањето одите за продолжување на новото? Последниот ден или неколку дена претходно?
Зависи што ти пишува на извештајот? Каква документација бараат? Документацијата ја собираш претходно и на денот на истек ја доставуваш, претпоставувам
Сеуште не ми е почнато боледувањето. Ме интересираше како е постапката, бидејќи матичната ми кажа дека сега сами си ги носиме документите, па да не утнам нешто.
Штом собереш документи можеш да одиш. Можеш и порано да си на чисто дека ќе завршиш работа. Јас последен пат (за мене е, ама таа е комисијата), на 13.07 бев мислам, а од 15.07 ми е боледувањето од комисијата.
А документацијата пример од специјалист или конзилијарно мислење отприлика колку да бидат најрано со датум? Како имаш поднесувано, ти текнува?
Прашањево ми беше пример ако ти истекува боледувањето на 7.7. А сакаш да го продолжиш, извештајот што го поднесуваш од специјалист со кој датум треба да е?
Секако пред тој датум Јас имав боледување од матичен до 14.07. На 07.07 бев на специјалист. Со извештајот и предлог од матичен на 13.07 отидов на комисија и они ми дадоа боледување од 15.07-15.08
Здраво кој е процентот на исплата на боледување за дете.Дали е 70% како кога за нас си земаме боледување или?
Дали може да се отвори боледување од матичен ретроградно или ден порано, не на датумот кога започнува? Претходно мислам дека нема логика Од работа ми рекоа може ретроградно да се отвори.