Може ли некој да ми објасни како оди постапката за земање боледување од матичен лекар? Го земам боледувањето од матичниот или од фондот? Колку дена трае? Како ќе ми ги исплати парите фондот отпосле? Фала ви!
Ти отвора боледување матичниот на детето до една недела или со потешка дијагноза до 15 дена. За се над тоа треба од специјалист. Инаку кај мене во фирма јас си носам боледување на работа, они си бркаат понатаму процедура со фондот. Фитмата ти крати целосно за деновите отсуство по овој основ, а фондот ти исплаќа 70%
Едно смотано прашање од мене. Дали буквите од презимето се гледаат од мајката или од детето? Ние сме со различно презиме и не знам во која група припаѓам.
Мислам дека е на неделно ниво. Сега би требало да се распоредени како на сликата поназад од 11.07. Претходната недела беа обратно. Но за секој случај јави се и прашај. Ги добив на 023064088.
Имам извадено боледување од матичен за нега на дете (детето е 9 години) што се лекува надвор од градот. Боледувањето ми е издадено од матичен лекар. Во фирмата ми кажаа дека за нега на дете до 3 боледувањето го плаќа фирмата а за над 3 години фондот. За да ми исплати фондот треба некаде нешто документи да однесам?
Па последниве 3 години сигурно е 70%, зошто јас кога лежев со малиот во болница во 2019 толку ми исплаќаа.
Од каде тоа дека 70% е за дете до 3 год? Маж зема прошли месец, му скратија од фирма дневниците, од Фонд целосно му ги пуштија. Јас сум сега на боледување за дете, прееска зборев со сметководство од кај мене, истото ми го кажаа, дека Фонд 100% ќе ми ги исплати дневниците.
Одамна фондот не исплаќа 100%, сме го дискутирале ова повеќе пати, освен за одредени дијагнози мислам. Или сте превид или е некоја грешка во фонд.
Једино што не му беше исплатено беше минат труд. Дневницата му беше рачуната без тоа. Баш ќе видам за мене следен месец како ќе е.