Незнам точно, ама мислам за потешки дијагнози. Малиот мој тогаше беше хоспитализиран и плус операција на ушиња и 70% ми исплатија.
Јас знам дека фирмата исплаќа 70% а уште 30% исплаќа фондот но ќе прашам во фондот баш кога ќе им носам копии од извештаите чисто да знам и ќе ви кажам да си ја имате и вие информацијата.
Не постои ваква нешто. Или исплаќа фирма или фонд. За деца до 3 години од прв ден фонд. За над 3 години, како и за лично боледување 70% фирма, од 15-30 дена 90% фирма. После 30тиот ден преоѓаш на фонд и они пак исплаќаат само 70%
Јас имав 2 недели од матичен а со комисија ми рекоа уште 2 ќе ми одобрат. Значи за еден месец колку % би ми исплатиле?
Според закон не е. Ако е воља на фирма тогаш е друго. Сепак фирмата може да одлучи за поволности. Кај нас на пример боледување до 15 дена не кратат воопшто.
не, за 9годишно дете. Боловаље од матичен со максимум 2 недели е 70% платено а боловање со комисија од. Фондот поинаку било платено.
Женски, пошто немам поима од кај да почнам со прашувања, ми текна прво тука, на боледување за син (1 година и 2 месеци) ми бев од 15 до 29 август, за ќерка(4.5)одма од 30ти до 14ти септември, ми стигна плата за август речиси пола од тоа колку ми е плата, сега не сфаќам, дали тоа значи дека фирмата за дете под 3 не ми исплаќа ништо за тие 2 недели боледување, само 2 што сум идела на работа, и другите 2 недели ќе ми ги исплати фондот 70%? Пошто другото боледување ми е последователна, како ќе биде исплатата со тоа што моментално сум во продолжено боледување преку комисија , за ќерка ми, што значи од 14ти до 29ти септември. ?! Ако ме разбра некој, алал
За тоа од август фонд 70%. За тоа од септември 2 недели фирма , 2 фонд и двете по 70% Барем така мислам.
Кога носите документи на комисија за продолжување на боледување, кога се носи ..... последниот ден кога истекува или може и порано?
Фала ти многу ♡, поима немам, на работа немам кого да прашам (кај мене на раб хаос), ми текна кај мм сметководителот сигурно ќе знае да ни каже.
тргнавме градинка и една недела тера и болен е , сакав да ве прашам дали смееме два пати боледување да земаме во текот на истиот месец ?
Здраво женски,прв пат од кога сум вработена земам боловање е сега од крај на овој месец до почеток нареден,како иде со исплата знае ли некој,од двата месеца кратат исто или? Благодарам