Девојки ве молам за инфо. Носам боледување на работа ми се кратат дневници ми одзимаат од плата но од фонд никогаш не сум добила ништо. Дали треба јас некаде да подадам или тоа си оди преку книговодство? Дали зависи колку дена сум отсуствувала ? Кои се условите за повраток на средствата? Фала ви однапред
зависи од сметководтвото, нашата сметководителка не ги носи боледувањата во фонд, ја сама си ги поднесувам, секогаш на време ми исплаќаат. отвори на страната на фондот за здравство имаш барање го пополнуваш, во прилог бараат копија од трансакциска и ИСТ образец, поднесувај си сама
Лично ги поднесуваш или на страницата? Ако е на страната да ми пуштиш линк ако не е проблем. Фала многу
Кај мене од работа ми ги носат документите во фонд. Јас само им го доставувам ИСР образецот. Инаку можеш и сама да поднесеш со барање, копија од трансакциска и ИСР образец.
@Tiny Love знам повеќе си активна во темава... Не ми е јасно зашто пример за нега на дете под 3 год. се исплаќа 70 посто плата, а кога за мене порано сум била пример за 7 дена сум зимала 70, а за 15 дена 90 посто плата. Значи исто ќе ми скратат и ако користам 7 или 14 дена од матичен за детево?
Да ве прашам некој ако има искуство да сподели за операција на дете 4 год за спуштање на тестис, колку време даваат боледување за детето?
Мамички сакав да ве прашам колку време може да користиме боледување за нега на дете до 3 год...2 месеци искористив од ортопед ,сакав да поднесам за уште 1 ,дали би ми дале ,што мислите ...на извештајот стои дека носи ортопедско помагало
Во извештајот од комисија ви пишува што извештај треба за контрола. Претпоставувам плус конзилијарно ќе треба.
Дали на некоја мајка и исплатиле од фондот за боледување ,од период од Јануари? после крах на нивниот систем,се се затна...