И меме вчера ми исплатија само дел од платата за јануари. Другиот дел и за февруари изгледа ќе ги почекаме уште малку
Пред 3 години за мене кога бев 15 дена земав 90 посто. Да не е нешто сменето?! Порано и за дете до 3 години исплаќале 100 посто.
Кај мене на работа, за боледување за мене од 15 денови кратат 30%. Изгледа сега гледаат 1 третина да скратат? Зш точно 66% ми вратија за дете за 5 денови.
Ова важи за боледување за нега на дете до 3 год што го исплаќа фонд или за обично боледување што го исплаќа фирма?
@Ano @Tiny Love Ако одам за дете под 3г. на боледување 30 дена, фондот ќе ми исплати 70% плата. Така? Или грешно ве читам?
Колку се чека од фонд повратот за боледување за дете? Маж го опнаа месецов 15.000 од плата што седеше дома со нејзе 5 дена па малце срце го пристегна коа виде.
Обично после 2-3 недели од пуштање на плата од фирма. Зависи кога биле однесени документите. Барем така било до сега.
Ако ти треба и за петок , ќе ти отворат од петокот, ако не ти треба од утре можеш. Мене така ми испадна да од петок после работа завршивме во Козле со малава , па баш ме праша педијатарот дали ми треба и за петокот или од понеделник да важи.
Zdravo na site Za nepoln mesec mi zavrsuva porodilnoto otsustvo, pa bi sakala da prodolzam 2 nedeli od matichen. Kako odi postapkata, nekako strav mi e deka ako ja zamolam ke me odbie a nema koj da mi ja cuva malata bash toj period... vi blagodaram
Точно да ви разјаснам како иде исплатата за боледување законски За боледување до 15 дена (од било која причина) се исплаќа 70% од плата и тоа го плаќа фирмата. За боледување од 15-30 дена се ислаќа 90% од плата и тоа исто се исплаќа преку фирмата. За боледување над 30 дена се исплаќа 90% од плата и тоа понатаму иде на товар на фондот се до крај на боледување. Е сега доколу причината за боледувањето на родителот е нега на дете до 3годишна возраст во тој случај блчедувањето се исплаќа 100% но иде вака: 70% (ако е до 15 дена) или 90% (ако е над 15 дена) ги исплаќа фирмата. А за остантиот дел 30% или 10% се поднесува до фондот да го исплати дополнителиот дел. Значи како примерите што сте ги пишале, фимите на вас ви исплаќаат во ред, за 3-4 дена боледување 70%. Но понатаму вие треба да си поднесете до фондот сами за да ви го исплатат и останатиот дел. Фирмата нема врска со тоа
Може порано било вака за нега на дете до 3 години, сега е на товар на фонд од прв ден и исплаќа 70% без разлика дали е 7дена, 15дена или неколку месеци.