Со малото сме во Козле моментално сум на одмор,дали кога ќе ми заврши одморот можам да земам 7 дена боледување од кај матичната?
Боледување може да ти отвори матичната со прв ден од извештајот кој го пишува дела сте во козле. Во вакви случаи најдобро да ти го сопрат одморот и да си искористиш боледување. Бидејќи потоа вие вратени од болница не те следува боледување кога веќе лекувањето е завршено
А ако препораката од болница е да се продолжи со лечење дома и контрола после одредено време, матичен нема право да пише боледување?
Има но ќе почнува боледувањето од прв ден кога лежело во болница, а таа е сега на одмор, па може да и се поклопат деновите. Затоа смее да има боледување и повеќе од 1 недела доколку треба, само датумот ке мора да биде запазен, да е првиот од прием во болница.
Женички, колку најдоцна можам да отворам боледување наназад? Имено детето ми е со сипаници од пон вечер и вторник не бев на работа ама си реков ај ќе видам како е па ќе отворам боледување Од синоќа ми е со темп. и е бааѓи по нафрлан?
Уназад може да се отвори само со доказ дека сте во болница од тој ден, инаку не. Не се отвара денес пример боледување за од понеделникот
Да пишам за и мајките да знаат. Боледување следува и отворив на дента кога не пуштија од болница ден после одморот. Секако со препорака од болницата за домашно лекување.
Не, не си ме разбрала. Мислев дека за уназад деновите кога си на одмор, ако пишува од кој ден си во болница, може да ти го пишат тој ден за прв, иако си на одмор. За да не ти се троши одморот а ти си во болница со детето. Кај тебе си поминал одморот, а штом во отпусно ти пишале препорака за домашна нега, те следува и после болница, ако е со тој ден последниот. Е ако не ти ја пишале препораката, тогаш не те следува боледување со дијагноза " нега на дете" и ако матичниот ти дава така, тогаш прави казниво дело. Секој ден ова го работам, не го измислувам јас.
Ок недоразбирање очигледно. И јас те разбрав така дека не може ако не е отворено боледувањето од денот на хоспитализација, а не дека не може ретроградно. Битно завршила работа и сега е појасно.
Не ми е јасна исплатата, на боледување за нега на дете до 3 години бев 5 денови. Фирмата ми исплати 25% од плата. Останатите да ги чекам од фонд? Збунувачки е бидејќи прочитав дека штом е за нега на дете до 3 години исплаќа фонд.
Исплаќа фондот за тие денови кога си на боледување. А остатокот од деновите кога си била на работа ти исплаќа фирмата плата. Вака е нели: Кога си на боледување ти исплаќа фондот 70 посто од дневница за деновите кога си на боледување така? Остатокот од месецот си добиваш плата, цела дневница.
Има логика, а и погоре сум напишала погрешно, фирмата ми исплати 75% од плата . Никогаш не сум користела никакво боледување па сега малку лутам во нашите закони и прописи