Фирмата ти исплатила. Од фонд веќе нема да ти стигне ништо. Кога би ги поднеле во фонд документите би добила 70%, но најверојатно преку колективен договор, фирмата ти исплаќа 75%, значи плус 5%.
Ништо уште. Од работа ми викаат не им работел порталот на фондот за поднесување боледувања па морале физички да се доставуваат и као демек наредна недела ќе ги обработеле.
Дали ви имаат исплатено боледување за месец мај?мене ми пуштаа околу 9-12ти во месецот а овој месец нема
Прв пат зимам боледување за нега на дете под 3 години. Матичниот педијатар ни е на одмор, а замената не ми дава повеќе од 7 дена затоа што на извештајот од клиника не пишувало да ми е продолжи боледувањето. Детето ми има аденовирус и сум самохран родител нема кој да ми го чува од понеделник. Дали треба така да пишува и до колку може од матичен педијатар боледување да даде? Имам плус извештај од Козле и Систина.
Зависи од дијагнозата, под која шифра е отворено боледувањето. За различни болести различен е условот за број на денови, но најчесто до 15 дена е со крвна слика и мислење од специјалист. Над 15 дена мора комисиски и треба на отпусното да пишува дека се продолжува со домашно лечење.
Со вирусна инфекција е отворено, и со извештај од клиника би требало да ми даде плус седум дена. Ама толку се разбира замената. Требаше неговата матична да се јави кај него да каже дека може... Што стана со здравствово наше ... катастрофа
Мајки здраво, планирам да напуштам работа бидејќи детето многу често ми се разболува во градинка и приморана сум да земам многу боледувања, па затоа се решив на овој чекор. Сакам да прашам како оди со здравственото осигурување, има ли начин некако сама да си плаќам придонеси или сепак треба да бидам осигурана преку фирма? Ви благодарам однапред на одговорот
Здраво, дали можеби некој има информација за исплата на боледувања за месец јули. Имам поднесено на почеток на август се уште нема ништо, обично стигнуваше до 12ти во месецот?