Имам едно прашање. Мислам дека темава е соодветна. Досега кога децава не ми биле добри сум зема ден-два од деновите за одмор. Еднаш имам земено боледување за нега на дете кога големиов ја скрши раката. Е сега дали кога некое дете е болно со обична настинка можам да извадам боледување за нега на дете?
Секако дека можеш, преку матичниот доктор на детето. За боледување на дете над 3 години исплатата е преку фирмата во која сте вработени, и е 70 проценти од редовната плата од првиот ден на боледување.
Женски за колку време од поднесување на документи во фонд ви исплаќаат боледување за нега на дете до три години? Се работи за 6 дена боледување.
Здраво Некој скоро што имал боледувањр за нега на дете до 3г, гледам не ми вратил фондот 100%, дали е се уште 100% или има промена некоја? И дали знаете некој мејл каде да се обратам за пресметката околу повратот, чудно ми е доста ми скратиле. Од работа добив 70% и нели треба остатокот од фонд да ми го исплатат....?
70 посто од фонд исплаќаат за деновите за боледување. Од фирма фул дневница за деновите кога сум била на работа.
матичниот лекар на детето што треба да ми даде за да извадам боледување? Бидејќи еднаш кога големиов ја скри раката ми рече префрли се кај мене ќе ти дадам појќе од 2 недели боледување инаку не можам ќе си бараш кај твојот матичен лекар. Мислам по некоја логика матичниот на детето би требало да ми даде извештај нешто па со него да одам кај мојот матичен да ми го отвори боледувањето
За нега на дете боледување отвора матичниот на детето. И може повеќе од 2 недели, но тоа се продолжува со комисија. Твојот матичен не може да отвори боледување за нега на дете.
офф... Значи докториве врска си немаат. Мене ми отвори матичниот мој кога дртево ја скрши раката. Матичниот на детево ми рече дека не може да издаде бидејќи не сум кај нив во систем
Колку што јас имам инфо за деца до 3 години боледувањето го рефундира ФЗО. За дева над 3 год. Иде регилар како нас возрасните. Доколку отсуствиваш 5 дена ти кратат за 5 дена и те исплаќат нето плата намалена за 5 дена боледување.
Имавме боледување од матичен две недели Правевме операција на нога Сега треба да идеме на комисија Имаме отпусно писмо во кое е наведено дека е потребно мирување, па моето прашање е дали може со тоа отпусно писмо да се оди на комисија или треба да земеме друг извештај од докторот?
со тоа писмо одиш на комисија. Кога моето ја скрши раката на отпусното пишуваше да се одобри боледување на родителот за нега на детето