Значи, до три години за дете фонфот треба да исплати 100% боледување. Фирмата ти префрла плата минус деновите што си на боледување. Точно ли е информацијава?
На работа ми рекоа 70% дека исплаќа фондот. Баш сега имав боледување па ќе споделам колку ми исплатиле.
А како земате боледување, мислам матичен колку може да даде максимум...па како оди понатаму комисиски... За комисија треба мислење конзилијарно, од 3 доктори .. Најчесто со кои дијагнози вадите... Ајде ве молам мора да има некоја финта..
70% земав јас бев на боледување за нега на дете од 14 декември до 17 февруари. @Dusica24mkd Матичен педијатар до 15 дена може максимум да даде за нега на дете, после на комисија со крвна слика, извештај од специјалист и конзилијарно мислење. Кај нас ни дадоа со дијагноза анемија, имавме пред завршеток на тие 15 дена закажано на детска клиника зошто требаше неколку дена дур го изготват конзилијарното. Ама за здраво дете треба да имаш некој таму, нас ни направија услуга со лажна крвна слика зошто не постоеше никаков начин за да продолжам дома да седам со предвреме родено, не постои шифра за продолжување породилно или боледување за тоа, самата докторка кажа дека не е фер, бар до годинка да седам. Можев да земам до 3 години да седам дома заради што правеше ласер на очите ама на долг рок многу пари се тоа, а ги немам, јебига, ќе се чуваат со дедо. Така што од февруари терав одмор цел стар од 2018та, па боледување од мој матичен 15 дена, па пак одмор ќе терам од 2019та, и боледување од гинеколог ќе земам, и ете го ќе дојде мај и ќе тргнам на работа, малиот кога ќе има скоро 14 месеца, здравје само. Можеш и ти такви комбинации да се договориш со твоите матични.
Dali priznavaat konzilijarno od privatna klinika, pr. Sistina remedika... Do dusa ne znam ni dali davaat za dete
Искуство за колку време исплаќаат од фонд? Некој од скоро? Е сеа за јуни ќе земам пола плата, а на другата половина од половината 70%, така?
За патолошка зимав 70 а за дете зимав 80. Редовно ми исплаќаа. Ова ако одиш под социјално односно ако си поише од 30 дена на боловање
Јас 70% зимав, пола плата од фирма ќе си ја земеш нормално, а 70% од другата половина од Фондот ќе чекаш.
Отприлика 2 недели откако ќе се поднесат документи (ако ги обработат откако ќе де поднесат одма) Исплата е 70%,шо значи да,од пола плата 70%.
Ме интересира колку дали може да се продолжи породилното со нега ма дете, малата има дијагноза појачан тонус - хипертонија, јас не сум во работен однос но си плаќав придонеси и така остварив право на породилно. Сега дали може да земам нега на дете, кој ги плаќа придонесите за тој период и колку посто се зема од плата?
Би требало да може, но прашај матичен педијатар да види/праша како би одело тоа, што документи треба и колкав период би дале со таа дијагноза. Првин педијатарот отвара, а во меѓувреме обично треба на преглед кај специјалист (ти треба извештајот), плус конзилијарно мислење (ова не знам, од Детска клиника?), за да се однесе на комисија за продолжување над тие 15 дена. Инаку исплатата оди преку Фонд, 70% од плата. Мене од наредниот ден веднаш ми отворија нега на дете.