Дали веќе ти е отворено боледувањето? Под која шифра? Различни дијагнози различно времетраење имаат, но секако над 15 дена мора да идеш на комисија и таа одлучува дали и колку ќе се продолжи и ти треба мислење од специјалист.
да, за деновите на боледување фондот ќе префрли, се поднесува таму, оригинал боледување, барање и копија од трансакција, некои фирми носат , во некои сам си носиш. во фонд
Здраво. Мене боледување од октомври не ми е исплатено. Малата ми беше со сипаници. Неколку пати се јавувам имало некој спор. Си ја префрлаат топката. И никако да се реши. Има некој решение што да правам??
Да видиш кај кого ти предметот, според тоа да ти кажат кај е спорот, т.е обично нешто фали од документи или згрешено е. Најдобро да отидеш таму директно, телефонски тешко.
Мајки ај малку помош? Не можам да ги добијам на телефон од лекарска комисија, утре треба да одам. Како работат по азбучен ред по име или презиме? На детето или мое? И како да дознаам која смена треба да одам?
Овде јас ги добивав 023062098. По презиме е, јас утнав презимето башка со 2 презимиња сум и не ни памтам како беше, прашај и тоа на телефон. Ѕвони неколку пати мислам дека ќе се јават.
Дали има разлика во исплатата на боледување за нега на дете ако боледувањето го отворам веднаш после породилното и ако меѓу породилното и тоа за нега на дете имам користено годишен одмор? Дали негата е 70% од последната плата или просек од одреден број плати?
Мајки, гледам пишувате боледување за нега на дете..е сега не ми е јасно, јас боледувањето го носам во фирма и ми одбиваат од плата нели, а треба ли и во фзо да го носам за да ми ги вратат парите или нешто погрешно сум разбрала...
Јас го носам во фирма и тие ми средуваат понатаму со ФЗО. Мислам дека можеш и сама да носиш, но не ја знам процедурата во тој случај. Фонд ти исплаќа 70%.
Фала ти најмногу за одговорот. Ете јас не сум знаела и досега никој ми нема споменато за тоа, а веќе три пати како користам боледување.