Isto ova vazi ako posle porodilno se vratam na rabota, I se razboli deteto pa koristam boleduvanje so pokritie od fond? Ako dobro te razbrav..
Не, А Б се втора смена. Не знам како ги делат каде е пресекот, прв пат одиме и ние. Ама конкретно за а и б прашував јас втора смена се. На бројот погоре што го имаа ставено се јавив одма ми кренаа.
Здраво на сите , можеби претходно е дебатирано за моево прашање па ако се повторувам извинете навистина во моментов сум на породилно боледување што воедно завршува во Јуни. Ме интересира за да отворам боледување за нега на бебе може веднаш после завршувањето на породилното? Или мора да се вратам некој ден на работа? И уште нешто дали матичниот педијатар може да ми извади? И колку максимум време без комисија? Фала ви однапред и среќни празници на сите!
Можеш да отвориш веднаш боледување за нега на дете после породилното. Матичниот педијатар го отвара, без комисија најмногу 2 недели.
Здраво, Денес отворив боледување за дете, и како што прочитав на форумов фондот треба да ми исплати 70%. Е сега прашањето ми е, боледувањето за нега на дете до 3год ми е на 7дена. Фондот треба да ми исплати 70% за тие 7 дена само, а фирмата 100% за останатите денови во месецот или? Или исто како кога се отвара бодувањето за себе, и зимаш 70% од плата за целиот месец без оглед колку денови си на боледување?
За нега на дете до 3 години те исплаќа фондот, работодавецот нема ништо трошоци спрема тебе. 70% ти плаќа фондот, за останатите 30% не сум сигурна, нека каже некој поупатен. Дали ќе си 7 дена или 14 дена на боледување, исто пари се кратат од плата, чисто да знаеш.
Фондот ти исплаќа 70% за тие денови што си на боледување, фирма ти исплаќа 100% за остатокот од деновите.
Процентот на исплата е ист 70%, не дека исто пари се кратат за 7 и 14 дена. За 7 дена ќе исплати фондот, за остатокот од деновите во месецот исплаќа фирма. А ако си 14 дена, тогаш пак фонд исплаќа само за тие денови, а фирма за остатокот.
Никој не ги исплаќа тие 30%. Фондот плаќа 70% за деновите боледување, фирмата 100%, само за деновите на работа што се водиш.
Само од фондот ќе ти исплатат 70% од платата,и тоа ќе ти извадат просек од 12 месеци и на тој ќе ти пресметаат 70% и така ке ти вратат, фирмата за тие денови скроз ја крати дневницата, и ќе ги почекаш некое време за исплата
Fala za odgovorot. Jasno, znaci sepak ne e isto dali si 7 ili 14 dena na boleduvanje, kako koga se vadi boleduvanje licno za sebe
После 3 години е исто како и за тебе да отвориш боледување, до 30 дена на товар на фирма, над 30 на фонд.
Мајки прашање, во последниве 30 дена имам користено боледување од 5 дена за дете над 3 год за стомачен вирус, сега има варичела за прво да ми се отвори боледувањето матичната ми бараше да одам на комисија со извештај од специјалист и крвна слика бевме ми рекоа ок е 2 недели, сега помина 1 недела за вторава ми бара пак да одам на специјалист и пак крвна слика да му правам? Ова секаде е вала или мојава ме дрибла нешто пошто ми се смачи за едни сипаници во 2 недели 2 пати на специјалисти ме праќа