Хи. Петок ни завршува вториот месец од користење на боледување преку фондот по добиено конзилијарно мислење со дијагноза анемија. Докторката не беше сигурна, но мисли дека смее уште едно конзилијарно да ни даде за да продолжиме. Дали има некој сличен што после прво добил и второ конзилијарно со дијагноза анемија?
Здраво мајки Ако породилно завршува за три дена кога се оди кај матичен за продолжување на плус две недели?
Девојки, дали мора да направам прекин помеѓу моето боледување и боледување за нега на дете до 3 г возраст?
Ми треба совет! На боледување сум 3 месеци за анемија кај бебе. Е сега, кога ќе заврши нема веќе да ми продолжат, а ми треба барем уште 2 месеци да бидам на боледување (самовработена сум). Дали ако идам со друга дијагноза за истово (или другото дете) ќе морам јас да си платам 2 недели, па после Фонд со конзилијарно? Или ако немам прекин во боледувањето, исплаќа Фондот?
За детето плаќа фондот, а за тебе работодавачот. Можеш да земеш боледување за различна дијагноза, е сега 2 месеци освен за анемија не знам баш за што може. Јас терав исто со анемија максимум што можеше, претходно за настинка од матичен земав, после теравме со анемија.
Ако новото боледување ти е исто за нега на дете до 3 години ќе ти исплаќа Фонд, ако не е тогаш е на твој товар до 30 дена. Мислам дека над 30 дена продолжува да исплаќа Фонд.
Не би знаела да ти кажам бидејќи не надминував 30 дена, плус прво беше на мене, па после на детето. Ама веќе ти пишале и погоре, ако е нега на дете до 3 години од прв ден се оди на фонд без разлика на дијагноза.
Дали имате контакт каде би можела да ги контактирам или мејл, бидејќи каснат веќе два месеца со исплата
Пиши и на JovankaZ@fzo.org.mk Имаш сигурно грешка некоја во пресметка. Маж ми беше прошли месец на боледување за малиот, му исплатија прошли понеделник.
Едно прашање. Боледување со болничко лекување за дете до 3 години оди под фонд или фирма? Има некој вакво искуство?
Од лани кај мене баш сега проверив пишува Боледување на терет на ФЗО платено 100%. Една недела беше ако нешто менува.
Под фирма. Јас со малата кога беше 2 год и 4 месеци лежевме во козле една недела а на боледување бев повеќе од месец, за таа една недела од фонд рекле дека не е под нивен товар да си плати фирмата, па правеа корекции на плата од сметководство. Некоја новина им било тоа од 2022 мислам ми кажаа.
Деновите додека бевме во болница беа на терет на фирма, потоа домашното лекување на Фонд. Јас регулар си поднесов за сите денови под Фонд, но ми се јавија за корекција и средија после со фирмата што треба.