До сега имам два извештаи, месец дена одевме на физикална требаше да одиме и после втората контрола ама поради морбилите не ја примаа. Дали може и тие да ги приложам? Сега има голем напредок и незнам дали би поминала на комисија, физијатарот треба да даде мислење со потпис од уште тројца доктори и потоа праќа на комисија, дали и детето треба да го носам на комисија или одлучуваат по документација? Дали случајно знаеш во тој период доколку се добие нега на дете кој ги плаќа придонесите фирмата(во случајов јас) или ги презема фондот?
Не дете не носиш, само со документи. Можеш и претходни извештаи да приложиш, ама мислам ќе ти треба нов, и плус конзилијарно, ама најубаво нека се распраша и матичниот како, што, зошто преку него ќе оди, тој прв отвара боледување и дава после предлог за комисија, со приложени документи. Фондот плаќа 70% плата со придонеси (основицата и за придонесите мислам дека е 70 колку што гледсв по нетов- види слики), ама зошто сама си плаќала, не знам точно да ти кажам, да си прашаш директно, зошто ќе треба потоа во Фонд ти да ја носиш целосната документација за исплата.
Си носиш таму боледување и ти носат у фонд,или ако сакаш можеш и сама.... Исплата е од прв ден на ровар на фонд,исплаќаат 70%. 15 дена имаш од матичен,после со конзилијарно се оди на комисија. Само пеашај во фонд со дадемата дијагноза колку време следува и дали следува.....
Некаде по нетов, мислам на правдико ама не сум сигурна, има за кои шифри до колку ти даваат боледување. Во принцип не одбиваат за дете. Но на секој 30 дена повторно се оди.
Дијагнозата е хипертонија-појачан тонус, терапија физикална еден месец во косна, два дома вежби, па требаше повторно во болница но поради епидемијата не ја примаа, на месец дена сме на контроли и мора да се следи о вежба до годината
Дали можат ретроградно да ми го затворат боледувањето? Мора ли истиот ден да го затворат кога престанува , а нареден на работа?
Мене ми го затвориа ретроградно Не правеа никаков проблем. Ми рече дека било проблем да се отвори со друг датум т.е ретроградно а за затварање не ми правеа проблем. Дури и извештајот го земав после една недела
Мајки дали по завршување на породилно и отварање одма после боледување за нега на дете , одморот за 2019 се префрла во другата година? Нели законски до декември мора да се искористат 12 дена ... прашањето е што ако не се искористат се префрлаат?