Фала на инфо. Ми падна чудно не сум слушнала до сега дека е вака па ме интересираше. Во секој случај повеќе ми одговара, помалку денови од фонд ќе ги чекам.
Додека си на болница ти покрива работодавач, после тоа дома додека сте на боледување покрива фонд и матичната треба 2 посебни боледувања да ти издаде посебни обрасци се.
Боледување за нега на дете може да се вади и за 1-2 дена? Многу денови од нов одмор ми се потрошија , ќе немам и за на лето па затоа најреално е да зимам боледување често оти често се разболува.... без мене нема шанси дома да седи
Еден документ ми издаде матичната, во него си има болнички денови и денови од кога до кога е боледувањето. Фирма веќе ми исплати, а деновиве ќе носат и во фонд.
Мене матичната две ми даде хаха заради тоа така и ти одговорив. Нема везе битно да те исплатат како што треба. А најбитно да сте добри со детето
Да да и мене ми даде два примерока, ама во истиот документ има и траење на боледување и болничко колку трае. Секако најбитно е децата да се ок
Луѓе кои вредности треба да се за да одобрат подолго лекување за анемија? На мали железото му е 5ка, а кажаа дека треба 10 да биде.... досега железо не сме проверивале а прошлиот пат пред година боледување за анемија користевме врз основа на хрмоглобинот кој беше низок,меѓутоа тогаш само 1 месец ни одобрија....
А и дали додека си на боледување за нега на дете - анемија можеш да напуштиш држава? Конкретно на планина би го носела....
100% покрива до 3 години. Инаку педијатар вади, за колку дена и да ти се потребни. После со боледувањето и еден формулар го пополнуваш, се носи во фонд и ќе те исплатат за брзо. Не се чека
Ај ве молам Отворив боледување за дете над 3 год , значи под фирма сум само? А и исто така зашто даваат само до 7 дена а ако сум сакала 2 недели требало извештаи ?
Кај нас и за под 3 години, рдна недела дава матичен , ако сакаш 2 н3дели извештај од специјалист треба...
Веќе си на товар на фирма. Фонд исплаќа до 3 години. Од матичен може една недела боледување, за да ти продолжи треба извештај од специјалист.