Сите различно кажуваат, стварно не знам што е точно. Зошто мене ми скартија кога бев на боледување за дете до 3 години? Дали има нешто што треба да се запази, да се нагласи или што е работата, ако знае некој нека каже.
Кога пишав целосно покриено не мислев на исплата 100%, туку дека обврската за исплата е на товар на ФЗОМ. Инаку исплатата е 70%, не 100%. 100% е само за одредени дијагнози. За дете до 3 год, фирма ти одбива 100% дневница, па ФЗОМ ти враќа 70%.
Ама тоа боледување би било една недела и толку . Правиме муабет за боледување до година дена на детето. Ова е јавна тајна , скоро сите мајки што ги знам што беа со мене трудни се на боледување до година дена .систина дава еве за чиста инфо.за да не талкаат другите мајки да си знаат
Zdravo, pedijatar moze da dade 14 ili 15 dena boleduvanje? Za nega na dete nad 3 godini me interesira
Да може. Само со мислење од специјалист или посериозна дијагноза. Кога имаше големиот сипаници (5години имаше) ми пиша 15 дена мислам.
Да прашам, дали дамо мајката може да земе боледување за нега на дете? Или може наместо неа таткото да биде тој што ке го чува детето неколку дена и него да му отворат боледување?
Дали може едно по друго да земам боледување за децата или морам да одам барем 1 ден на работа? Утре ми завршува боледувањето за едното дете, дали може од следниот ден да отворам за другото? Дали сте имале проблем вака на работа?
Здраво! Дали некој знае од кој доктор да се бара боледување за таткото на новороденче од 7 дена ,кое сеуште нема извод и матичен доктор (бебето е задржано на неонатологија)!
Хеј дали некој знае да ме упати кои документи се потребни да се поднесат до Фондот за боледување за нега на дете до 3 години? Имам боледување од матичната, извештај од специјалист, што друго ми е потребно? Имено 2 недели бевме дома ради бронхит....
Трансакциска сметка да ти ги префрлат парите кај мене преку фирма оди тоа па знам со боледување секогаш закачувам и копија од трансакциска
Теа вака гледам си упатена. Мислам дека премногу ми е скратено за боледување... Каде можам да се обратам (освен и на раб)? Дали има нешто ново со боледувањава, зошто се шлогирав сега колку многу ми скратиле за 4 дена..
Искрено и мене ептен ми скратија за 7 дена т.е 5 работни дена.. лудило Уствари ми вратија толку пари ама искрено не ми е јасно што како е јас 1 недела бев за дете па уште 1 недела за мене лично
Ова прееемногу е. 2000ден од ден, а ни дневницата не ми е толку. 8000ден значи за 4 дена. Незнам мене ни дали ќе ми вратат, дека бев одјавена 1г од работа (на трудничко, ама одјавена).
Цела дневница ти крати од фирма, па 70% ти враќа фзом, треба да имаш 6 мес непрекинат стаж за да ти вратат. Нема новини, овој закон е одамна. Ако за 4 дена ти е скратено 8000, претпоставка е дека 2000 ти е дневница, не ти е толку? Прашај прво во ЧР во фирма, па после во фзом, зашто се прават грешки и во фирма.