Прерачунав.. скоро толку е... Ќе си знам за наредните 6м ако пак ми треба, боље за мене ќе отворам него за малото.
Да ако не ти покрива фзом 70%, подобро за тебе вади или за другите дечиња, над 3 години на товар на фирма е боледувањето
Луѓе ми го одбија исплата на боледување дека од почетокот на боледувањето сум немала 6м стаж, а јас немав во таа фирма но имам стаж во МК повеќе од 6м. Дали е ова е нормално? Крајно сум изреволтирана, 2 недели неплатени, да знаев како одмор ќе ги земев. Што да правам?
Ако имаш 6 месеци непрекинат стаж во МК, пиши им приговор. Под непрекинат се подразбира денес си пријавена во една фирма од утре во друга. Ден не треба да има луфта.
Имам, значи законов гомно со извинение на израз. Имам луфта џабе е, не знаев дека е таков законот многу се изнервирав, ќе го искористев одморот фа знаев дека е вака.
Не работам веќе, а не ни планирам денар веќе данок да дадам во оваа земја, денар. Одам во странство и таму ќе си плаќам данок, дека има закони што не се вака мизерни.
Исто ти е ако имаш услов 6 месеци непрекинат стаж. Разликата е дали фирмата ќе ти ги плати тие 70% ако земаш за тебе или фзом ако е за дете.
Ненормални чоече, па да не смее детето да ти се разболи во првите 6м на вработување. Па направи тогаш некој закон каде 30% ќе се крати ако немаш стаж. Еве и мене ме опнаа скоро 8000 за 4 дена. Колешка на неа што земала 3 дена, 1500ден (зошто кратат така 30% од дневницата). Нареден пат ќе си отварам на себе си.. барем овие 6м. Значи јас воопшто да не ни пробувам да поднесувам. Мислев да поднесам, ама немам назад 6м. Одјавена бев 1г, зошто и тоа не им беше регулирано и на трудничко бев, одјавена...
Мене ми е логично да направат дополна во законот ако немаш 6 мес стаж, тие 70% за дете до 3 год да си се на товар на моменталниот работодавец. Како за нас кога се зема боледување. Ем државата не е оштетена ем родителот не е оштетен.
Да го дадеме предлогот Не ств јас не знаев дека е вака и сега кога ја видов платата, се шлогирав. А се вратив побрзо на раб и затоа само 4 дена, за да не го оставам и таму детето долго без мене (образовен асистент сум)... @1209 тебе 14 дневници ти земаа??
Да, немам ништо платено за септември оти до 15ти работев, после бев со договор на дело, не ми платија ниту неискористен одмор 12 дена ниту тие денови на дело, се спремам да оријавам на трудова искрено.
Треба да аплицирам за да ми се врати од Фонд одредена сума за боледување на дете до 3 години. Немам уште 6 месеци во фирмава. Дали тоа значи дека ќе ме одбијат од старт? Читав нешто по форумов, не знам дали добро сфатив. Секоја информација е добредојдена. Фала ви
Да за жал. Погоре имаш членка која ја одбиле. Јас не ни поднесов, прашав и истото ми го рекоа... нема поврат на пари без 6м стаж. Ненормална работа..
Е исто и јас... на себе ако земев, 2000ден ќе беа само. Вака 8000ден ме опнаа за 4 дена. Работава детето 6м не смее да се разболува...
Не е проблем ако не си 6 месеци во фирмата, туку е проблем ако немаш непрекинат стаж 6 месеци. Ако имаш трансфер од фирма во фирма без ниту еден ден прекин ти следува поврат на средства.