Здраво, ако знае некој да ми одговори би била многу благодарна. Бев на породилно до 1 март. После имав 1 недела боледување од матичен лекар. Вчера ми исплатија плата за март значително помала од тоа што очекував. За тие 5 дена боледување се зема 70% од просечна плата во изминатите 12 месеци. Јас 9 месеци бев на породилно и за тие ми пресметале 0 денари. Дали е ова законски вака?
Дали боледувањето беше за тебе или за нега на бебето? Доколку беше за тебе, компанијата исплаќа 70% од основната нето плата по договор. Доколку е за нега на дете под 3 години, исплаќа фондот.
Дали треба сама да поднесам до фонд или фирмата го прави тоа? Има ли рок? Ништо не ме известија прв пат слушам за ова
За нега на дете до 3 години, фирмата не исплаќа ништо. Треба да се поднесе во фонд (фирмата или ти лично) и тие исплаќаат за тие денови 70%
Во право си тој момент целосно сум го изумила. Баш сега си најдов и мои мислења во темава кај што сум пишувала за тоа.
Да не враќам на сите еве само тука. Боледувањето беше за мене, но прашањето ми е повеќе околу тоа како се предметува просечната нето плата независно од тоа кој го исплаќа боледувањето. Или има врска и тоа? Зошто не би се земало породилното во просекот, не си без плата тие месеци, зарем придонеси не се плаќаат?
80%за две недели само во администрација или ако во фирмата имаат потпишано таков колективен. Инаку 70% со 90%.
Значи нешто не ми пресметале добро бидејќи мене ми стигнаа премалку пари онака дупло помала плата што се вика. Колку што ги разбрав од ЧР како 0 ги рачунале месеците од породилното ама подетално од вторник ќе ми кажеле.
Само ова 70% ... дали си сигурна? Кај мене згрешија па сеуште се маткам со прашањево, па правеа корекција на плата. И ми стигна нецелосна плата за тие денови ама не се ни 70%. Некаде околу 80%. Мене некои пријателки ми дадоа инфо, дека 100% е боледување за дете до 3 год. Лежевме во болница заради пневмонија.
Во законот за здравствено осигурување пишува не помалку од 70%, освен.... 90% е со општ колективен договор за приватен сектор за период од 15 до 30 дена уредено https://www.ssm.org.mk/sites/defaul...opanstvoto_sl.vesnik_br.115_od_01.08.2014.pdf Секоја отстапка од ова е со посебни договори или желба на работодавачот. Кај мене на пример има 15 дена боледување годишно за кои фирмата не крати од плата (исплаќа 100%).