За деновите во кои беше на боледување фирмата исплаќа 70% од дневницата согласно нето платата по договор. Фирмата не пресметува просек. Просек пресметува само фондот.
Ќе ги контактирам денес од Фонд баш да прашам како се пресметува просечна нето и бруто плата пошо кај мене е ужасно ниска и некако не ми штима, се си мислам дека има грешка. Единствено ми испаѓа математиката ако за 9те месеци што бев на породилно ми сметале 0.
Како земате боледување за дете од 4 години ,прв пат ќе ми е не знам дали мозе воопошто да се извади и да вадам на свое име
Здраво дали знаете оваа недела на Буква Д презиме која смена се и од колку до колку саат се носи документи?
Zdravo, moze li da mi pisete kontakt od Fzo za da vidam do Kade e isplata za nega na dete do 3 godini. Fala.
Нема основ за продолжување над 15 дена. Освен ако не е направено пневмонија од неа предизвикана па да има хоспитализација.
За дете под 3 год возраст доколку мајката користи боледување за детето, исплаќа фондот, не работодавецот? И колку %?
Од 8 до 12ти јуни имав користено боледување за нега на дете. Документи поднесени истиот месец, а исплата уште немам. Прашав во фондот одговорот е дека од кај нив е се сработено, исплатите ги пуштале од Скопје па кога ќе имаат пари ќе исплатат. Хаос се значи, има ли и други што ви касни исплатата?
И мене ми касни исплата од јуни, за 4 дена боледување, мислам ист период бев ко тебе, втората недела од месецот. Ужас се, јас планирав да чекам до 15ти месецов па да пишувам мејлови. Срамота!!
Јас бев ист период, ми пуштија на 31 јули исплата. Никогаш не се каснело толку. Рачунај јас поднесувам во Скопје и документите ги поднесов на 30.06. Чим за Скопје ги каснеа толку, ако си од друг град дур го поднеле, сигурно повеќе се касни. Нема парички државата веќе, се покрадоа за 35 години.